Исус Навин 23
23
Последните пораки на Исус
1 #
13,1; 21,44; 24,29 По многу време, откако Господ го успокои Израел од сите околни непријатели, Исус остаре, дојде во поодмината возраст. 2И ги свика Исус сите синови Израелови, старешините нивни, судиите нивни и управителите нивни, и им рече: „Јас остарев, дојдов во поодмината возраст. 3#5 Мојс 20,4Вие видовте сѐ што Господ, вашиот Бог, направи пред лицето ваше со сите тие народи, бидејќи Господ, вашиот Бог, Самиот се бори за вас. 4#1,4; Пс 78,55Ете, ви ги поделив со ждрепка тие други народи во наследство на племињата ваши, сите народи што ги победив од Јордан до Големото Море, на запад. 5#2 Мојс 23,30; Ер 46,15; Пс 44,5Самиот Господ, вашиот Бог, ќе ги прогони од вас; ќе ги истреби пред вас, за да ја добиете во наследство нивната земја, како што Господ, вашиот Бог, ви говореше. 6#1,7; 5 Мојс 5,32; 7,1-6; 17,20Затоа трудете се ревносно да чувате и да исполнувате сѐ што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, не отстапувајќи од него ниту надесно, ниту налево. 7#2 Мојс 25,13; Ер 5,7Не се зближувајте со народите што останаа меѓу вас, не ги спомнувајте имињата на нивните богови, не колнете се во нив, не служете им и не им се поклонувајте, 8#5 Мојс 10,20но приврзете се кон Господ, вашиот Бог, како што правевте до денес. 9Господ протера пред ваши очи големи и силни народи, и никој не се осмели да стане против вас до денес; 10#2 Мојс 14,14; 3 Мојс 26,8; 5 Мојс 3,22; 7,1-6; 32,30еден од вас гонеше пред себе илјада, бидејќи Самиот Господ, вашиот Бог, се бореше за вас, како што ви говореше. 11#5 Мојс 4,15Затоа бидете многу внимателни и сакајте Го Господа, вашиот Бог. 12#2 Мојс 34,16; 5 Мојс 7,3Ако, пак, се вратите и се приклучите кон остатоците на тие народи, што останаа меѓу вас, и се сродите со нив, и одите кај нив, и тие кај вас, 13#4 Мојс 33,55знајте дека Господ, вашиот Бог, нема повеќе да ги прогонува од вас тие народи, туку ќе бидат за вас стапица и мрежа, камшик за ребрата ваши и трн за вашите очи, додека не бидете истребени од таа добра земја, што Господ, вашиот Бог, ви ја даде. 14#21,45; 1 Цар 2,2Еве, јас сега заминувам на пат каде што целиот свет заминува. А вие познавте со сето свое срце и со сета своја душа дека не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги говореше за вас Господ, вашиот Бог: сѐ се изврши на вас, ни еден збор не остана неисполнет. 15#24,20; 3 Мојс 26,17; 5 Мојс 28,15-17Но како што се изврши на вас секој добар збор, што ви го кажуваше Господ, вашиот Бог, така Господ ќе го исполни над вас секој лош збор, додека не ве истреби од оваа добра земја, што ви ја даде Господ, вашиот Бог. 16#5 Мојс 4,25-26Ако го прекршите заветот на Господ, вашиот Бог, што Тој ви го заповеда, и отидете да им служите на други богови и да им се поклонувате, тогаш гневот Господов ќе пламне врз вас, и брзо ќе исчезнете од оваа добра земја, која Тој ви ја даде.“
Currently Selected:
Исус Навин 23: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006