YouVersion Logo
Search Icon

Исус Навин 22

22
Племињата источно од Јордан
1 # 1,12-18; 4 Мојс 32,6-32; 5 Мојс 3,18-20 Тогаш Исус го повика Рувимовото и Гадовото племе и едната половина од Манасиевото племе и им рече: 2„Вие чувте сѐ, што ви беше заповедано од Мојсеј, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во сѐ, што ви заповедав; 3вие не ги напуштавте браќата свои во текот на многу денови и ги запазивте заповедите на Господ, вашиот Бог. 4#1,13-15; Евр 4,8Сега Господ, вашиот Бог, ги успокои вашите браќа, како што им беше го­ворел; и така, вратете се и одете во домовите ваши, во земјата на вашето наследство, што ви ја даде Мојсеј, слугата Господов, од онаа страна на Јордан; 5#23,11; 5 Мојс 5,29; 6,5; Мт 22,37само пазете грижливо да ги исполнувате заповедите и законот, што ви го даде Мојсеј, слугата Господов: да Го сакате Господа, вашиот Бог, да одите по сите Негови патишта, да ги пазите заповедите Негови, да се приврзувате кон Него и да Му служите со сето срце ваше и со сета душа ваша.“ 6Потоа Исус ги благослови и ги отпушти и тие се разотидоа по своите шатори. 7На едната половина од Манасиевото племе Мојсеј ѝ даде дел во Башан, а на другата половина Исус ѝ даде дел со браќата нивни на запад од Јордан. И кога Исус ги отпушти во шаторите нивни и ги благослови, 8тој им рече: „Вратете се со големото богатство во своите шатори, со многу­броен добиток, со сребро, со злато, со бакар и со железо, и со многу облека“; и го разделија пленот, земен од непријателите, со браќата свои.
Жртвеник крај Јордан
9Тогаш синовите Рувимови и сино­вите Гадови и едната половина од Ма­на­сиевото племе се вратија и тргнаа од синовите Израелови од Силом, што е во хананската земја, за да си одат во земјата Галаад, во земјата на наследството свое што го добија по заповед на Гос­под, дадена преку Мојсеј. 10Кога дојдоа во околината на Јордан, во хананската земја, синовите Рувимови и синовите Гадови, и едната половина од Манасиевото племе изградија таму, крај Јордан, еден жртвеник, жртвеник голем на изглед. 11#5 Мојс 13,13-16И слушнаа Израеловите синови дека се зборува: „Ете, синовите Руви­мови и синовите Гадови и половина од Манасиевото племе изградиле жртве­ник во хананската земја, крај Јордан, од страната на Израеловите синови.“ 12Штом го чуја тоа Израеловите си­нови, се собра целата заедница на си­новите Израелови во Силом за да одат во војна против нив. 13Најнапред синовите Израелови го испратија кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај половината од Манасиевото племе во Галаадската земја Финес, синот на свештеникот Еле­азар, 14и со него десет родоначалници, по еден од сите Израелови племиња; секој од нив беше војвода во илјадниците Израелови. 15И тие дојдоа кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај половината од Манасиевото племе во земјата Галаад и им рекоа, велејќи: 16„Еве што вели целата заедница Господова: каков престап сте направиле пред Господ, со тоа што Му завртевте грб на Господ, Израеловиот Бог, и си подигнавте жртвеник и отстапивте сега од Господ? 17#4 Мојс 25,3-5; 5 Мојс 4,3Зар мал ви беше гревот Фегоров, од кого не сме се очистиле ни до ден-денес и заради него дојде помор врз заедницата Господова? 18А вие денес отстапувате од Господ! Денес станувате против Него, а утре Тој ќе се разгневи на целата заедница Израелова. 19#2 Мојс 26,1Ако, пак, земјата на вашето наследство ви е мала, поминете сите во земјата Господова, во која се наоѓа скинијата Господова, земете дел меѓу нас, но не станувајте против Господ, нити против нас станувајте, градејќи си друг жртвеник, освен жртвеникот на Господ, нашиот Бог; 20#7,1-5зар Ахан, синот Зерахов, не изврши ли самиот престап, земајќи од проколнатото, а гневот падна врз целото општество Израелово? Не умре само тој поради беззаконието свое.“ 21#5 Мојс 10,17И одговорија на тоа синовите Рувимови и синовите Гадови и поло­вината од Манасиевото племе и им рекоа на војводите Израелови: 22#5 Мојс 10,17; 1 Сам 2,3; 1 Цар 8,39; Ер 17,10; Пс 11,4; 40,10; 44,22; 139,4; 1 Лет 28,9„Господ Бог е вечен, Господ Бог е вечен, Тој знае, и Израел нека знае! Ако отстапуваме од Господ, Господ нека не нѐ поштеди во овој ден! 23#5 Мојс 12,11; 18,19Ако сме изградиле жртвеник, за да отстапиме од Господ, или за да принесуваме на него сепаленици или да принесуваме на него жртви за мир, самиот Господ нека суди! 24Но за добро го направивме ние тоа, за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: Што имате вие со Господ, Израеловиот Бог? 25Господ го определи Јордан за гра­ница меѓу нас и вас, синови Рувимови и синови Гадови, вие немате дел во Господ. Така синовите ваши ќе ги отуѓат нашите синови да не Му служат на Господ. 26Затоа рековме: да си подигнеме жртвеник не заради приноси ниту заради жртви, 27#5 Мојс 12,5-17туку за да биде тој меѓу вас и нас, меѓу нашите родови по нас, сведок дека ние можеме да Му служиме на Господ пред нив со наши приноси, и со наши сепаленици и жртви за мир и за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: вие немате дел во Господ. 28#1 Мојс 21,30Па си рековме: ако така ни кажат нам и на нашите родови по нас, ние ќе им речеме: Видете ја сличноста на жр­т­веникот Господов, што го направиле нашите татковци, не заради приноси ниту заради жртви, туку за да биде сведок меѓу вас и нас. 29Далеку сме од мислата, да отста­пиме од Господ, и да се одвратиме од Господ, и да ѕидаме жртвеник за сепаленици, приноси за жртви, освен пред жртвеникот на Господ, нашиот Бог, кој е пред скинијата Негова.“ 30Свештеникот Финес, сите началници на заедницата и војводите на илјадниците Израелови, што беа со нив, кога ги слушнаа зборовите, што ги рекоа Рувимовите синови, Гадовите синови и Манасиевите синови, ги одобрија. 31И Елеазаровиот син, свештеникот Финес, им рече на синовите Рувимови, на синовите Гадови, и на половината од Манасиевото племе: „Денес познавме дека Господ е меѓу нас, дека вие со тоа не сте извршиле пред Господ престап, туку сте ги избавиле синовите Израе­лови од раката Господова.“ 32Тогаш Елеазаровиот син, свеште­никот Финес, и родоначалниците се вра­тија откај синовите Рувимови и сино­вите Гадови во хананската земја кај синовите Израелови и им донесоа одго­вор. 33И на Израеловите синови тоа им годеше, па Го благословија синовите Из­раелови Бога и рекоа дека нема да војуваат против нив, и да ја разорат земјата, во која живеат синовите Рувимови и синовите Гадови. 34#1 Мојс 31,47-52И Рувимовите синови и Гадовите синови го нарекоа тој жртвеник Ед#22,34 Сведок, зашто, рекоа тие, тој е сведок меѓу нас дека Господ е Бог.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for Исус Навин 22