Исус Навин 20
20
Градовите за прибежиште
1 #
2 Мојс 21,13; 5 Мојс 4,41-43 И му рече Господ на Исус, велејќи: 2„Кажи им на синовите Израелови: одредете си градови – прибежишта, за кои ви говорев преку Мојсеј, 3#4 Мојс 35,11-12за да може да избега таму убиец, кој убил човек по грешка, од небрежност; нека ви бидат прибежиште од одмаздникот за крв. 4И кој ќе избега во еден од тие градови, нека застане пред портите од градот и гласно нека го раскаже делото свое на градските старешини; тие да го примат кај себе во градот и да му дадат место, за да живее кај нив; 5а ако одмаздникот за крв ќе почне да го гони, тие не треба да го предадат убиецот во рацете негови, зашто тој убил ближен свој од небрежност и немал претходно спрема него омраза. 6#4 Мојс 35,12И нека остане во тој град, сѐ додека не излезе на суд пред народот, или додека не умре големиот свештеник, што ќе биде во тие денови. А потоа убиецот нека се врати и нека си оди во градот свој и во домот свој, од каде што избегал.“ 7И го одредија Кедес во Галилеја, во Нефталимовата Гора, Сихем во Ефремовата Гора, и Кирјат-Арба, односно Хеврон, во гората Јудина; 8од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток, ги одредија: Бецер во пустината, во рамнината, од Рувимовото племе; Рамот во Галаад, од Гадовото племе, и Голан во Башан, од Манасиевото племе. 9Тие градови беа одредени за сите Израелови синови и за придојдените, кои живеат меѓу нив, за да избега таму секој, кој по грешка убил човек, за да не умре од раката на одмаздникот, пред да излезе на суд пред народот.
Currently Selected:
Исус Навин 20: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006