Исус Навин 14
14
Поделба на хананската земја
1 #
11,23; 4 Мојс 26,53 Еве што наследија синовите Израелови во хананската земја, што им ја раздели свештеникот Елеазар и Исус синот Навинов, и родоначалниците од племињата на Израеловите синови; 2#4 Мојс 26,55на деветте племиња и на половината племе, поделба извршија со ждрепка, како што беше заповедал Господ преку Мојсеј, 3#13,14; 4 Мојс 34,14зашто на две и половина племиња Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив, 4#1 Мојс 41,51-52; 4 Мојс 35,2-3бидејќи од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на левитите дел од земјата, туку градови за живеење и предградија за нивниот добиток и за други нивни потреби. 5#4 Мојс 34,13Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така и направија синовите Израелови, кога ја разделуваа земјата. 6#4 Мојс 13,6; 14,30; 5 Мојс 33,1Јудините синови дојдоа во Гилгал кај Исус. И му рече Халев, синот Јефунеов, од родот на Кеназ: „Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеј, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Барнеа. 7#4 Мојс 13,17-26Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Барнеа да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето; 8#4 Мојс 13–14браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно Го следев Господа, мојот Бог; 9#4 Мојс 14,24; 5 Мојс 1,36и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господ, мојот Бог.‘ 10И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеј, и Израел одеше по пустина; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години; 11но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам. 12#4 Мојс 14,24; Суд 1,20Затоа, дај ми ја таа гора, за која говореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден дека таму живеат Анаковите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.“ 13#13,15Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефунеовиот син Халев. 14Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефунеовиот син Халев, од Кеназиевиот род, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господ, Израеловиот Бог. 15#1 Мојс 23,2Името на Хеврон порано беше Кирјат-Арба, или град на Арба, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Анакови. Така земјата се смири од војна.
Currently Selected:
Исус Навин 14: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006