YouVersion Logo
Search Icon

Јов Вовед

Вовед
Книгата Јов започнува со еден расказ (1 и 2), во кој главната личност е Јов, човек со беспрекорна вера и презадоволен од животот. Меѓутоа, и покрај тоа што Му е верен на Бога, тој е лишен од сѐ: богатството, децата, здравјето. И сега се поставува прашањето, дали по низата страдања, тој ќе Му остане верен на Бога?
Но, Кој е всушност, Бог? Ако Тој е справедлив, зошто сиве овие несреќи го погодуваат праведниот Јов? Тројца негови пријатели сакаат да го убедат дека неговото страдање е казна поради некој грев што го сторил. Така започнува разговорот помеѓу Јов и неговите пријатели, во вид на една долга поетска творба, која го зафаќа централниот дел на книгата (3–31). Тројцата пријатели ги излагаат своите аргументи, засновани врз традицијата, додека Јов енергично ги оспорува нивните погледи, истакнувајќи го фактот за несправедливите услови на човековото живеење. Тој ја оспорува претставата за Бога што ја штитат неговите пријатели и изјавува дека е невин.
Во тоа време едно ново лице се појавува на сцената: Елијуј (32–37), кој исто така ги побива сфаќањата на Јов. Според него Бог му испраќа на човекот страдање за да го опомене и во никој случај никој не може за тоа да бара од Бога одговорност.
На крајот Бог Самиот се јавува (38,1–42,6). Но наместо да даде одговор на поставеното прашање, Тој Самиот прашува. Тогаш Јов ја осознава својата грешка: тој зборувал за Бога, без да знае навистина Кој е Бог.
Книгата завршува одново со расказ (42,7-17). Бог потврдува дека само Јов коректно зборувал за Него; Тој му враќа, притоа, на Јов двојно повеќе од она што го изгубил.
Навистина, Кој е Бог? Ова прашање останува дискретно поставено низ целата книга; прашање, што останува актуелно и во наши дни. Несомнено, книгата Јов ни кажува, пред сѐ што не е Бог. Таа може да ни помогне, да се ослобо­диме од погрешните претстави за Бога, кои ние продолжуваме да ги замислуваме, нѐ опоменува да не Го мешаме Бога со претставата што ја имаме за Него. На крајот, уништувајќи ги нашите предрасуди, ни помага да подготвиме чисто место за прифаќање на неверојатната оригиналност на Евангелието.

Currently Selected:

Јов Вовед: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in