YouVersion Logo
Search Icon

Јов 24

24
Одговор на Јов (продолжение): Бог им попушта на беззакониците
1 # 21,7 „Зошто не се сокриени од Седржителот времињата? И оние, кои Го знаат, не ги гледаат дните Негови? 2#5 Мојс 27,17; Изреки 22,28Безбожниците поместуваат меѓи, ограбуваат стада и си ги пасат, 3#24,17од сираците одземаат магаре, од вдовица вол – за залог; 4#5 Мојс 15,11сиромаси истуркуваат од патот, сите понизени се принудени да се кријат од нив. 5#17,10Ете, како диви магариња во пустина, излегуваат тие по работата своја, стануваат рано за грабеж; пустината им дава леб за нив и за децата нивни; 6#12,16жнеат по туѓи ниви, и од лозјето на безбожникот крадат; 7#12,17голи ноќеваат без покривка, не­маат облека за да се спасат од студ; 8#12,19наводенети од горски дождови и, немајќи прибежиште, се притискаат до карпа; 9#12,20раздвојуваат сираче од градите на мајката и земаат залог од сиромав; 10#12,21ги тераат да одат голи, без облека, и на празен стомак снопови да носат; 11#12,24маслиново масло на другите тие цедат, и во каци жедни грозје тие гме­чат. 12#12,25Во градот луѓето офкаат и душата на убиените вика, а Бог тоа не го слуша. 13#21,14Тие ѝ се противат на светлината, не ги знаат патиштата нејзини и не одат по патеките нејзини. 14#6,27На разденување станува убиецот, убива сиромав и несреќен, а ноќе е крадец. 15#9,24И окото на прељубникот чека да се стемни, велејќи: ‚ничие око нема да види‘ и го покрива лицето свое. 16#16,11Во темнината се провираат под куќите, а дење се кријат затворени; не знаат тие за светлина. 17#27,5За нив најцрната ноќ е како јасно утро, толку се зближени тие со стра­вотиите на темнината. 18#27,7Лесен е таквиот на водната пов­р­шина, проклет е делот негов на земјата, и не го гледа патот кон лозјата. 19#27,21Како што сушата и горештината ја голтаат снежната вода, така пе­колот ги голта грешниците. 20#27,19Нека го заборави утробата мај­чина; нека биде храна за црвите; нека не остане помен за него; како дрво ќе се скрши беззаконикот; 21#27,14оној кој угнетува бездетна, и на вдовица не ѝ прави добро. 22Но Бог сосила ги истерува насилниците; се појавува и тие немаат на­деж за животот свој. 23#27,16-17Бог им дава во што да се надеваат, но Неговите очи ги гледаат нивните патишта. 24#27,20Се креваат високо, – и, ете, веќе ги нема; паѓаат и умираат, како и сите, и како врвовите на класовите се кршат. 25#21,34Ако тоа не е така, – кој ќе ме изобличи за лагата и кој ќе ги прет­вори во ништо зборовите мои?“

Currently Selected:

Јов 24: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in