Јов 10
10
Одговор на Јов (продолжение): Бог ме создаде за да ме уништи
1 #
7,11
„Ѝ дотегна на душата моја животот мој; ќе се предадам на тагата своја; ќе говорам со горчината на душата своја. 2#6,24; 13,23Ќе му речам на Господ: ‚Не обвинувај ме; кажи ми зошто се бориш со мене? 3#11,6Мило ли Ти е да ме измачуваш, да го презираш делото на рацете Свои, а намерите на нечесните да ги помагаш? 4#1 Сам 16,7; Ер 11,20; Ос 11,9Зар имаш телесни очи? Гледаш ли како што гледа човек? 5Зар Твоите дни се како дните на смртните, или Твоите години се како дните на човек? 6#14,16Зошто ја испитуваш вината моја и гревовите мои сакаш да ги откриеш, 7#5 Мојс 32,39иако знаеш дека сум невин и дека нема кој да ме спаси од раката Твоја? 8#1 Мојс 2,7Твоите раце ме создале и ме оформиле, и Ти сега од сите страни ме уништуваш? 9#33,6; Пс 119,73Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ќе ме претвориш? 10#Пс 139,13.15Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење? 11Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна, 12#1 Мојс 2,7живот и милост ми дарува, и Твојата грижа го чуваше духот мој? 13#23,13Но и тоа во срцето Свое го криеше, знам дека тоа е во Тебе, 14дека, ако згрешам, Ти ќе забележиш и нема да го оставиш гревот мој без казна. 15#7,21; 9,20Ако сум виновен, тешко мене! Ако сум прав, не ќе смеам да кренам глава. Презаситен сум од срам, удавен во маката моја. 16#16,9Ако се исправам, како лав ме гониш, силата Своја на мене ја покажуваш. 17#16,4Обвинувања нови подигаш против мене; го засилуваш гневот Свој против мене; со нови сили се креваш против мене. 18#3,11-16И зошто ме изведе од утробата? Да бев умрел кога ничие око уште не ме беше видело; 19о, да бев пренесен од утробата во гроб, како да ме немало! 20#7,7; 14,1Нели се малку деновите мои? Остави ме уште малку да се радувам, 21#14,6.12; Пс 39,13пред да појдам на пат без враќање – во земјата на темнината и смртната сенка, 22#4 Мојс 16,33во земјата, каде што темнината царува над безредието, каде што зората е слична на најцрната ноќ.‘“
Currently Selected:
Јов 10: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006