Јован 4
4
Исусовиот разговор со Самарјанката
1 #
3,22
Кога разбра Исус дека фарисеите чуле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштаваше, 2макар што Самиот Исус не крштаваше, туку учениците Негови, 3ја напушти Јудеја и отиде пак во Галилеја. 4#Мт 10,5; Лк 9,52-55; 17,11Требаше да мине преку Самарија. 5#1 Мојс 33,19; 48,22; Ис.Н. 24,32Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јосиф. 6#5 Мојс 33,28Таму беше изворот на Јаков. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот#4,6 Околу 12 часот. час. 7#1 Мојс 24,20; Ис 12,3Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“ 8А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. 9#Лк 10,33Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат. 10#7,37-38; Ер 2,13; 17,13; Зах 14,8; Пс 36,8-9; Откр 21,6; 22,17Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ 11Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпеш, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода? 12#8,53; Мт 12,41-42Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“ 13Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; 14#6,35; 7,38; Ис 44,3; 58,11; Јоил 3,1а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“ 15#6,34Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“ 16Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“ 17Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж; 18#Ос 2,7зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“ 19#7,40Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк! 20#5 Мојс 11,29; 12,5-14; Пс 122,1-5; Лк 9,53Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.“ 21#Мал 1,11; Дела 6,14Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот. 22#2 Цар 17,27-41; Ис 2,3; Рим 9,3-4Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. 23#5,25; Ефес 2,18; 1 Јн 5,6Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. 24#Рим 8,5; 12,1Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.“ 25#1,41Жената Му рече: „Знам дека ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“ 26#9,37; Мк 14,61-62А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“ 27И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“ 28А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: 29#Мт 12,23„Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“ 30Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него. 31Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“ 32#5 Мојс 8,3; Мт 4,4Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“ 33Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да јаде?“ 34#5,30А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. 35#Мт 9,37-38; Мк 4,29; Откр 14,15Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва. 36#Ис 9,2; Пс 126,5-6И жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37#Мих 6,15; Јов 31,8; 1 Кор 3,6Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘ 38#17,18; 20,21; Дела 8,14-17Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“ 39И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“ 40#Лк 9,52; Дела 8,25; 10,48Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена. 41И уште повеќе поверуваа поради словото Негово; 42#Лк 2,11; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 1 Јн 4,14а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето кажување, зашто сами чувме и знаеме дека Тој е Спасителот на светот, Христос.“
Исус исцелува момче на умирање
(Мт 8,5-13; Лк 7,1-10)
43А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. 44#Мт 13,57Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема почит. 45#2,23Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот. 46#2,1-11И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. 47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. 48#Мт 16,1-4; Мк 13,22; Дела 2,19; Рим 15,19; 1 Кор 1,22; Евр 2,4А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ 49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ 50#1 Цар 17,23; Мт 8,13; Мк 7,29А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина. 51И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ 52#Мт 8,14-15; Дела 28,8А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ 53#1,50; 3,12; 20,29; Дела 11,14; 16,14-15.31Тогаш таткото разбра дека тоа станало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. 54#2,11Ова беше второто чудо што го изврши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.
Currently Selected:
Јован 4: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006