YouVersion Logo
Search Icon

Еремија 43

43
Јудејците и покрај опомената Божја одат во Египет
1Кога Еремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив, 2#Ис 13,11; Мал 3,19тогаш Азарија, синот на Хошаја, и Јоханан, синот на Кареах, и сите дрски луѓе му рекоа на Еремија: „Тоа, што го зборуваш не е вистина; Господ, нашиот Бог, не те прати да кажеш: ‚не одете во Египет, за да живеете таму‘ 3туку Варух, синот Нириев, те наго­вори против нас, за да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, па да нѐ убијат, или да нѐ одведат како робови во Вавилон.“ 4#43,7; 44,23И Јоханан, синот на Кареах, сите војводи и сиот народ не го послушаа гласот на Господ, за да останат во земјата јудејска. 5Тогаш Јоханан, синот на Кареах, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле откај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска; 6мажи, жени, деца, царевите ќерки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Годо­лија, синот на Ахикам, син Сафанов, и пророкот Еремија, и Варух, синот Ни­риев; 7#2 Цар 25,26па отидоа во земјата египетска, бидејќи не го послушаа гласот на Гос­под, и стигнаа до Тафнис. 8И дојде слово Господово до Еремија во Тафнис: 9земи во рацете големи камења и сокриј ги во измесена глина пред влезот на фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците, 10и кажи им – вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: еве, ќе пратам и ќе го доведам Навуходоносор, царот вавилонски, слугата Свој, и ќе го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ќе го распне над нив својот великолепен шатор 11#15,2; 46,13; Ез 5,12; 6,11; Зах 11,9и ќе дојде, па ќе ја порази египетската земја: и кој е за смрт, ќе биде пре­даден на смрт; и кој е за ропство, ќе отиде во ропство, а кој е за под меч – под меч. 12#46,25; Ез 30,13Па ќе запалам оган во свети­лиштата на боговите египетски; и тој ќе ги изгори, а нив ќе ги зароби, и ќе се нагрне со египетската земја, како пас­тир што се наметнува со облеката своја, па ќе си отиде оттаму со мир. 13И ќе ги собори статуите на Вет­самис, што се наоѓаат во египетската земја, и светилиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.

Currently Selected:

Еремија 43: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in