Еремија 4
4
Услови за враќање на Израел
1 #
3,4; Јоил 2,12 Ако сакаш да се обратиш, Израеле, вели Господ, обрати се кон Мене; и ако ги отклониш гадотиите од пред Моето лице, и престанеш да скиташ, 2#12,16; 5 Мојс 6,13; Ис 65,16; Мт 5,16и ако се заколнеш: вистински верно и праведно: жив е Господ, тогаш народите ќе бидат благословени и со Него ќе се фалат. 3#Ос 10,12; Мт 13,22Зашто вака им вели Господ на луѓето од Јудеја и од Ерусалим: изорајте си нови ниви и не сејте меѓу трње. 4#9,25; 17,9Обрезете се заради Господ и симнете го крајчето од срцето свое, луѓе Јудини и ерусалимски жители, за да не се јави Мојот гнев како оган и да не пламне неизгасливо поради вашите злодела.
Најава за неволја
5 #
4,19; 51,27 Објавете во Јудеја, и разгласете во Ерусалим, говорете и трубете со труба по земјата; викајте силно и велете: соберете се, и да влеземе во утврдените градови. 6Кренете го знамето кон Сион – бегајте, не запирајте се, зашто Јас ќе донесам од север зло и голема погибел. 7#Наум 2,12Излегува лав од својот честар, тргнува истребителот на народите: тој излегува од местото свое, за да ја направи земјата твоја пустина, градовите твои ќе бидат сосипани, ќе останат без жители. 8#6,26; Ис 15,3Затоа опашете се со вреќиште, плачете и ридајте: јароста на Господовиот гнев не се одврати од нас! 9И во тој ден, вели Господ, ќе замре срцето на царот и срцето на кнезовите, ќе се ужаснат свештениците и ќе се вчудоневидат пророците. 10И реков: „О, Господи Боже, зар Ти само го лажеше овој народ и Ерусалим кога велеше: ‚мир ќе има кај вас‘; а, меч допре до гушата?“
Неволјата доаѓа
11 #
51,1; Ос 13,15 Во тоа време ќе му биде речено на тој народ и на Ерусалим: топол ветар дува од пустинските височини врз патот на ќерката на Мојот народ, не за да вее, ниту да очистува. 12И оттаму ќе дојде ветар посилен од овој, и Јас ќе искажам суд над нив. 13#Ез 38,9; Наум 2,5; Авак 1,8; Плач 4,19Ете, се крева тој како облак, и колите му се како виор, коњите му се побрзи од орли; тешко ним! Зашто ќе бидат сосипани! 14#Ис 1,16; Ез 18,31; Јк 4,8Измиј го злото од срцето свое, Ерусалиме, за да се спасиш: до кога ќе борават во тебе злосторнички мисли? 15Зашто веќе се разнесува глас од Дан, и погибелна вест – од Ефремовата Гора: 16јавете им на народите, известете го Ерусалим дека идат од далечна земја опсадувачи и со викања ги заземаат градовите на Јудеја. 17„Како чувари на нивите го оградуваат од сите страни, зашто тој се крена против Мене, вели Господ. 18#2,17.19; Пс 107,17Тоа ти го направија твоите патишта и делата твои; од твојата нечесност ти е толку горчливо, што допира до срцето твое.“
Видение за казната
19 #
13,17; 2 Цар 8,11; Авак 3,16; Плач 1,20 „Утробо моја! Утробо моја! Нажален сум до дното на срцето свое, се бранува во мене срцето мое, не можам да молчам; зашто ти слушаш, душо моја, звук од труба, боен повик. 20#14,17; Ез 7,26Зло по зло, целата земја се опустошува, ненадејно беа соборени шаторите мои, за миг – колибите мои. 21До кога ќе гледаме знаме, и ќе слушаме трубен звук? 22#5,21; 8,7; 5 Мојс 32,28; Ис 27,11; Ос 4,6; Пс 82,5; Лк 24,25Тоа произлегува оттаму, што водачите на Мојот глупав народ не Ме познаваат: тие се безумни синови, и нема во нив расудување: вешти се за зло, но не умеат да вршат добро. 23Ја гледам земјата – и ете, таа е разорена и пуста, – небесата, и нема на нив светлина. 24#Суд 5,5; Наум 1,5; Пс 46,2-3Ги гледам горите – и ете, тие треперат, и сите ридови се нишаат. 25Гледам – и ете, нема човек и сите небески птици одлетале. 26#3 Мојс 26,34; Пс 107,34Гледам – и ете, плодното поле е пустина, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, од јароста на гневот Негов.
Пропаст на Ерусалим
27Зашто вака рече Господ: – целата земја ќе биде опустошена, но целосно истребување нема да извршам. 28#12,4; Ис 50,3Ќе заплаче земјата поради тоа, и небесата ќе се затемнат, зашто Јас реков, Јас решив, и нема да се покаам, ниту ќе отстапам од тоа. 29Од викот на коњаници и на стрелци ќе се разбегаат сите градови: тие ќе отидат во густи шуми и ќе се искачат на карпи; сите градови ќе бидат напуштени, и во нив никој нема да живее. 30#2 Цар 9,30; Јов 42,14; 30,14; Ез 23,22А ти, опустошена, што ќе правиш? Макар и да се облекуваш во пурпур, и да се украсуваш со златни накити, да си ги украсуваш со боја очите свои – залудно ќе се украсуваш: те презираат љубовниците твои – душата ти ја бараат. 31#6,24; 48,41; Ис 1,8.15; Пс 88,9; Плач 1,17Зашто Јас слушам глас како од жена при породување, стенкање како на прворотка, глас на ќерката Сионска; таа стенка, протегајќи ги рацете: о, тешко мене, душата моја примира пред убијците!“
Currently Selected:
Еремија 4: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006