YouVersion Logo
Search Icon

Еремија 38

38
Еремија го фрлаат во јама
1Сафатија, синот Матанов, Годолија, синот Пашхуров, Јухал, синот Шелемиев, и Пашхур, синот Мел­хиев ги чуја зборовите, што ги кажа Еремија пред народот, откако рече: 2#21,9„Вака вели Господ – оној, што ќе остане во овој град, ќе умре од меч, од глад и од помор; а оној, што ќе појде кај Халдејците, ќе остане жив, и животот ќе му биде како воен плен и тој ќе остане жив. 3Така вели Господ – овој град бездруго ќе биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе.“ 4Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Овој човек нека биде предаден на смрт, зашто влијае да ослабат рацете на војниците, што ќе останат во овој град, рацете на сиот народ, откако им ги кажа тие зборови; бидејќи овој човек не му пожелува добро на овој народ, туку зло.“ 5#Дан 5,16И рече царот Седекија: „Ете, тој е во ваши раце, бидејќи царот не може ништо да направи против вас.“ 6Тогаш го фатија Еремија и го фрлија во јамата на Малкија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го спуштија Еремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Еремија падна во тињата. 7И чу Авдемелех Етиопјанецот, еден од дворјаните што се наоѓаше во цар­скиот дом, дека Еремија го фрлија во јамата, а царот тогаш седеше пред портите Венијаминови. 8Па излезе Авдемелех од царскиот дом и му рече на царот: 9„Господаре мој, царе, лошо ти на­правија оние луѓе што така постапија со пророкот Еремија, кого го фрлија во јамата; тој ќе умре таму од глад, зашто во градот веќе нема леб.“ 10Царот му заповеда на Авдемелех Етиопјанецот и рече: „Земи со себе од­овде триесетина луѓе и извлечи го пророкот Еремија од јамата, додека уште не умрел!“ 11Авдемелех зеде со себе луѓе и влезе во царскиот дом, во подземјето, и зеде оттаму износени алишта, стари крпи, па ги спушти со јаже во јамата кај Еремија. 12И му рече Авдемелех Етиопјанецот на Еремија: „Стави ги тие ветви алишта и крпите под мишките на рацете свои, под јажето.“ И Еремија направи така. 13#38,28Па го повлекоа Еремија со јажето и го извлекоа од јамата. И остана Еремија во стражарницата.
Царот Седекија се допрашува кај Еремија
14Тогаш царот Седекија прати, па го повика при себе Еремија, кај третиот влез во домот Господов; и му рече на Еремија: „Ќе те прашам нешто, но не сокривај ништо од мене.“ 15И му рече Еремија на Седекија: „Ако ти откријам, нема ли да ме предадеш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш.“ 16#4,2; 16,14; 44,26И му се заколна тајно царот Седе­кија на Еремија, велејќи: „Жив Господ, Кој ни ја создаде душата, нема да те предадам на смрт и нема да те предадам во рацете на оние луѓе, што ја бараат душата твоја.“ 17Тогаш Еремија му рече на Седе­кија: „Вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израелов – ако отидеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, душата ќе ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ќе бидеш жив, а и домот твој; 18ако, пак, не појдеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ќе го изгорат, а ти нема да побегнеш од рацете нивни.“ 19И му рече царот Седекија на Ере­мија: „Се плашам од Јудејците, кои појдоа кај Халдејците, за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.“ 20#42,6И му рече Еремија: „Нема да те предадат; послушај го гласот Господов за ова, што ти го кажувам, па ќе ти биде добро, и жива ќе остане душата твоја. 21Ако, пак, не сакаш да појдеш, еве го словото, што ми го откри Господ: 22#Авд 1,7ете, сите жени, што ќе останат во домот на јудејскиот цар, ќе бидат одведени кај кнезовите на вавилонскиот цар, и ќе речат: ‚тебе те излажаа и те победија твоите пријатели; нозете твои потонаа во тиња, а тие побегнаа од тебе, 23и сите твои жени и децата твои ќе ги одведат кај Халдејците, и ти не ќе можеш да избегаш од рацете нивни; ти ќе бидеш грабнат од раката на вавилонскиот цар и ќе направиш овој град да биде изгорен со оган.‘“ 24И му рече Седекија на Еремија: „Никој да не ги знае овие зборови, и тогаш ти нема да умреш; 25ако, пак, чујат кнезовите дека сум зборувал со тебе, и дојдат кај тебе и ти речат – кажи ни, што му зборуваше на царот, не криј од нас, и ние нема да те убиеме, а и она, што ти рече царот, 26тогаш кажи им: јас му ја изнесов пред лицето на царот мојата молба, за да не ме враќа во домот на Јонатан, па да не умрам таму.“ 27И дојдоа сите кнезови кај Еремија и го прашаа, а тој им одговори точно онака, како што му беше заповедал царот да каже, и тие молчешкум го оставија, бидејќи не го дознаа она што му беше речено на царот. 28#38,13; 39,14-15И остана Еремија во стражарницата до денот, во кој Ерусалим беше преземен. И Ерусалим го презедоа.

Currently Selected:

Еремија 38: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in