YouVersion Logo
Search Icon

Судии 8

8
Народот од Ефремовото племе негодува
1 # 12,1 И му рекоа Ефремците: „Зошто направи така, та не нѐ повика, кога замина да војуваш против Мидјаните?“ И многу се караа со него. 2Гедеон им одговори: „Па што, направив така како што и вие? Нели се пабирките на Ефрем подобри од гроздоберот на Авиезер? 3Во ваши раце Бог ги предаде мидјанските кнезови Орев и Зев, и како можев јас да сторам такво нешто, во споредба со вас?“ Тогаш нивниот гнев спрема него се смири штом тој им ги кажа тие зборови.
Гедеон на исток од Јордан
4А кога дојде Гедеон кај Јордан, го премина тој и тристоте мажи што беа со него. Тие беа уморни поради гонењето на непријателот. 5И им рече тој на жителите на Сукот: „Дајте им леб на овие мажи што се со мене, зашто се гладни; јас ги гонам мидјанските цареви Зевеја и Салмана.“ 6#1 Сам 25,11Сукотските началници рекоа: „Зар раката на Зевеја и Салмана е веќе во твои раце, та да ѝ даваме леб на војската твоја?“ 7Гедеон одговори: „Не така, туку кога Господ ќе ги предаде Зевеја и Салмана во рацете мои, јас ќе ги уништам телата ваши со трње од пустината и со боцки.“ 8Оттука отиде во Пениел и им го рече истото на неговите жители, и пенуелските жители му одговорија, како што одговорија жителите на Сукот. 9Тој им кажа и на пенуелските жители: „Кога ќе се вратам во мир, ќе ја растурам таа кула.“ 10#6,3; Ис 9,3А Зевеја и Салмана беа во Каркор и војските нивни со нив до петнаесет илјади, сѐ што беше останало од сета војска на жителите од исток; а паднаа сто и дваесет илјади мажи мечоносци. 11И тргна Гедеон по патот на номадите, на исток од Новах и Јогбеха и ја разби војската додека таа стоеше безгрижно. 12Зевеја и Салмана избегаа; тој се спушти по нив и ги фати двајцата цареви – Зевеја и Салмана, и го доведе во збрка целиот логор. 13Тогаш Гедеон, синот на Јоас, се врати од војната преку преминот Херес#8,13 Во некои преводи наместо преку преминот Херес стои: пред изгревот на сонцето.. 14И фати едно момче од жителите на Сукот и го распраша; и тој му ги напиша имињата на началниците и старешините сукотски – седумдесет и седум мажи. 15Потоа дојде кај жителите сукотски и рече: „Еве ги Зевеја и Салмана, за кои ми се потсмевавте, велејќи: ‚Зар раката на Зевеја и Салмана е веќе во твои раце, та да им даваме леб на твоите изморени дуѓе?‘“ 16И ги зеде градските старешини и зеде трње од пустината и боцки, па ги казни со нив жителите на Сукот. 17И ја сруши кулата на Пениел и ги уби жителите на градот. 18#4,6И им рече на Зевеја и на Салмана: „Какви беа оние што ги убивте на Тавор?“ Тие одговорија: „Беа како тебе – секој прилегаше на царски син.“ 19#1 Мојс 43,29; 4 Мојс 14,21; 5 Мојс 13,7; Песна 8,1Гедеон рече: „Тие беа мои браќа, синови на мајка ми! Господ нека ми е сведок: да бевте ги оставиле живи, не би ве убил ни јас.“ 20И му рече на Јетер, својот првороден син: „Стани, убиј ги!“ Но момчето не го извади мечот свој; се плашеше, бидејќи беше уште млад. 21#Ис 3,18Тогаш Зевеја и Салмана рекоа: „Стани сам и убиј нѐ, зашто според човекот е и силата негова.“ И стана Гедеон, и ги уби Зевеја и Салмана, и ги зеде веришките што беа околу вратовите на камилите нивни.
Гедеон умира
22И му рекоа Израелците на Гедеон: „Владеј со нас ти и син ти и внук ти, бидејќи ти нѐ спаси од рацете на Мидјаните.“ 23#1 Сам 8,7; 12,12Гедеон им одговори: „Ниту јас ќе владеам со вас, ниту мојот син ќе владее со вас; Господ нека владее со вас.“ 24#2 Мојс 32,2-3И им рече уште Гедеон: „Ве молам за едно, дајте ми секој по една обетка од пленот свој. Зашто непријателите, бидејќи беа Јишмаелци, носеа златни обетки.“ 25Тие одговорија: „Ќе дадеме.“ И послаа една облека и фрлаше таму секој по една обетка од пленот свој. 26Златните обетки што тој ги побара, тежеа илјада и седумстотини шекели, без веришките, копчињата и пурпурните одежди што ги носеа мидјанските цареви, и без златните веришки што беа на вратовите од камилите нивни. 27#2 Мојс 32,2; Ос 3,4Од тоа Гедеон направи ефод и го стави во својот град, во Офра; и почнаа сите Израелци блудно да одат таму, по ефодот, кој беше замка за Гедеон и целиот дом негов. 28#3,11Така се смирија Мидјаните пред синовите Израелови и повеќе не кренаа глава, и земјата беше спокојна чети­риесет години во деновите на Гедеон. 29Тогаш Јероваал, синот на Јоас, отиде да живее во својот дом. 30#9,2.5.18.24Гедеон имаше седумдесет сина, произлезени од бедрата негови, бидејќи имаше многу жени. 31А и наложницата негова, која жи­вееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех. 32И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Офра Авиезерова. 33#9,4.46Откако умре Гедеон, Израеловите синови пак почнаа да живеат во безбожие и да им се поклонуваат на Вааловци, поставувајќи го за свој бог Ваал-Берит. 34Израеловите синови не се сетија на Господ, својот Бог, Кој ги спасуваше од рацете на сите околни непријатели, 35и кон домот на Јероваал, односно на Гедеон, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи тој на Израел.

Currently Selected:

Судии 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in