YouVersion Logo
Search Icon

Судии 4

4
Девора и Варак
1 # 2,19 Кога умре Аод, Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ. 2#Ис.Н. 11,1; 1 Сам 12,9; Пс 83,9И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војсководач Сисе­ра, кој живееше во Харошет-Гојим. 3И повикаа Израеловите синови кон Господ; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги потискаше Израеловите синови дваесет години. 4#5,1.7.12.15Во тоа време судија во Израел беше пророчицата Девора, жената на Лапи­дот; 5таа обично седеше под Деворината палма, меѓу Рама и Ветил, во Ефремо­вата Планина и одеа кај неа Израело­вите синови за судење. 6#5,12; Евр 11,32Девора испрати да го повикаат Варак, синот на Авиноам од Кедес Нефталимов, и му рече: „Зар не заповеда Господ, Бог Израелов: – оди, собери народ на гората Тавор и земи со себе десет илјади мажи од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови; 7#5,21; Пс 83,9Јас, пак, ќе го доведам кај тебе, кај потокот Кишон, Јавиновиот војсководач Сисера, и колите негови и многуилјадната војска негова, и ќе ти ги пре­дадам во твои раце.“ 8Варак ѝ одговори: „Ако дојдеш со мене, ќе одам; ако не дојдеш со мене, нема да одам.“ 9Таа рече: „Добро, ќе дојдам со тебе; само нема да биде славата твоја по па­тот, по кој ќе одиш; зашто во женска рака ќе го предаде Господ Сисера.“ И Девора стана и тргна со Варак за Кедес. 10А Варак ги повика потомците на Завулон и потомците на Нефталим во Кедес, и по него тргнаа десет илјади души, и Девора појде со него. 11#1,16Тогаш Кениецот Хевер се оддели од Кенијците, односно потомците на Ховав, шурата на Мојсеј, и го постави шаторот свој кај дабот, близу до Кедес. 12И му јавија на Сисера дека Ави­ноамовиот син Варак излегол на гората Тавор. 13Сисера ги собра сите коли, деветстотини железни коли, и сиот народ што беше со него, и од Харошет-Гојим замина кај потокот Кишон. 14И Девора му рече на Варак: „Стани, бидејќи денес е денот, во кој Господ ќе го предаде Сисера во рацете твои; Сам Господ ќе тргне пред Тебе.“ И Варак слезе од гората Тавор, и по него – десет илјади мажи. 15#2 Мојс 14,25Тогаш Господ го доведе во забуна Сисера и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисера слезе од колата и избега пеш. 16#2 Мојс 14,28; Пс 83,9Варак тргна да ги гони неговите коли и народот до Харошет-Гојим и целата војска на Сисера падна од остар меч, та не остана ниеден. 17А Сисера побегна пеш до шаторот на Јаел, жената на Кениецот Хевер, зашто меѓу хацорскиот цар Јавин и домот на Кениецот Хевер имаше мир. 18Тогаш излезе Јаел и му рече на Сисера: „Влези господаре мој, влези кај мене, не плаши се!“ Тој влезе кај неа во шаторот, и таа го покри со наметката. 19#5,25Сисера ѝ рече: „Дај ми малку вода да пијам, жеден сум.“ Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри. 20Сисера повторно ѝ рече: „Стој пред влезот на шаторот и ако некој дојде и те праша: ‚има ли некој тука?‘ а ти одго­вори – ‚нема‘.“ 21#5,26Јаел, Хеверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко кај него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, – и умре. 22#5,27И ете, Варак, трчаше по Сисера. Јаел го пречека и му рече: „Влези, јас ќе ти го покажам човекот што го ба­раш.“ Тој влезе кај неа, и ете, Сисера лежи мртов, со колецот во слепо­очниците негови. 23#Пс 47,3; 144,2Така го покори Бог во тој ден хананскиот цар Јавин пред синовите Израелови. 24Раката на синовите Израелови се засилуваше сѐ повеќе и повеќе над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го уништија.

Currently Selected:

Судии 4: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy