YouVersion Logo
Search Icon

Судии 21

21
Венијаминовото племе повторно се издига
1 # Ис.Н. 9,18 И се заколнаа Израелците во Мицпа, велејќи: „Никој од нас да не ја дава ќерка си на Венијаминовите синови за жена!“ 2#20,23И народот дојде во Божјиот дом, седеа таму до вечерта пред Бога, кренаа голем писок, силно плачеа 3и велеа: „Господи, Боже Израелов, зошто се случи ова во Израел, па сега изчезна едно племе во Израел.“ 4#20,26На другиот ден народот порани, и подигна таму жртвеник и принесоа жртви сепаленици, и жртви за мир. 5И рекоа синовите Израелови: „Кој уште од сите Израелови племиња не дошол на собранието пред Господ?“ Зашто голема клетва беше изречена пред оние што не беа дошле пред Господ во Мицпа, и беше речено, дека тие ќе бидат предадени на смрт. 6И синовите Израелови се смилија над братот свој Венијамин и рекоа: „Денес се истреби едно племе од Израел; 7#9,18што да направиме за жени на останатите од нив, кога се заколнавме во Господ дека нема да им ги даваме ќерките свои за жени?“ 8И рекоа: „Има ли некое од племињата Израелови, кое не е дојдено пред Господ во Мицпа?“ И се покажа дека од Јавеш Галаадски никој не дошол на собранието пред Господ. 9Го прегледаа народот, и ете, немаше ни еден од жителите на Јавеш Гала­адски. 10И општеството испрати таму два­наесет илјади души, и им дадоа заповед, велејќи: „Одете и поразете ги со меч жителите на Јавеш Галаадски, и жените и децата; 11#4 Мојс 31,17-18; 5 Мојс 20,10.20; 21,10-14и еве што ќе направите: ‚Секој маж и секоја жена што познава машко легло, убијте ги.‘“ 12И најдоа меѓу жителите на Јавеш Галаадски четиристотини моми што не познале машко легло, и ги доведоа во логорот кај Силом, кој е во хананската земја. 13#20,45-47; 5 Мојс 2,26Тогаш целото општество испрати луѓе да разговараат со синовите Вени­јаминови, кои беа кај карпата Римон, и им објавија мир. 14И така Венијаминовите синови се вратија и им дадоа жени што беа ос­танале живи од жените на Јавеш Галаадски; но излезе дека тие не стасуваат. 15А на народот, пак, му беше жал за Венијамин, поради тоа што Господ не ја зачува целината на Израеловите племиња. 16И си рекоа старешините народни: „Што да направиме за жени на другите синови, бидејќи жените кај Венијамин се убиени?“ 17И рекоа: „Наследството на Венија­мин нека остане, за да не се сотре едно племе од Израел. 18#21,1Но ние не можеме да им дадеме жени од нашите ќерки, зашто синовите Израелови се заколнаа, велејќи: ‚Про­клет да биде оној што ќе му даде жена на Венијамин!‘“ 19#Ис.Н. 18,1И рекоа: „Ете, секоја година е празник Господов во Силом, на север од Ветол и на исток од патот, кој води од Ветил за Сихем, и на југ од Левона.“ 20И им заповедаа на синовите Вени­јаминови, велејќи: „Одете и сокријте се во лозјата, 21и гледајте, кога ќе излезат момите од Силом да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од тие моми, па одете си во земјата Венијаминова; 22#1 Мојс 34,5-31; 2 Сам 13,20-29а кога ќе дојдат татковците, или браќата нивни да се поплачат кај нас, ние ќе им речеме: ‚Простете ни за нив, бидејќи ние не зедовме за секого од нив жена во време на војната, и вие не им дадовте; сега вие сте виновни.‘“ 23Така и направија синовите Венија­минови, и зедоа според бројот свој жени од оние што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживеа во нив. 24Во исто време Израелците се ра­зотидоа оттаму, секој според родот свој и според племето свое, отиде во делот свој. 25#5 Мојс 12,8Во тие денови Израел немаше цар: секој го правеше она што му се чинеше дека е добро.

Currently Selected:

Судии 21: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in