YouVersion Logo
Search Icon

Јаков 5

5
Предупредување до богатите
1 # Ис 5,8-10; Ер 5,26-30; Амос 8,4-8; Лк 6,24 Ајде сега вие, богати, плачете и липајте за страшните маки што идат на вас. 2#Мт 6,19-20Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа. 3#Пс 21,9Златото ваше и среброто ви за'рѓаа, и 'рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган! Сте насобрале богатство за пос­ледните дни. 4#1 Мојс 4,10; 2 Мојс 2,23; 3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,14-15; Мал 3,5; Пс 18,6Ете, платата што сте ја задржале од работниците, кои работеле на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ Саваот. 5#Ер 12,3Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги згоивте срцата ваши како за ден на клање. 6#Пс 37; Мт 5,39Го осудивте, Го убивте праведникот; и тој не се спротивставуваше.
Трпение и молитва
7 # 5 Мојс 11,14; Ер 5,24; Јоил 2,23 Бидете трпеливи, браќа мои, до доа­ѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен. 8#Мт 24,3.27.37; Рим 13,11-12; 1 Кор 15,23; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15; 5,1-11.23; Евр 10,25; 1 Птр 4,7; 2 Птр 1,16; 1 Јн 2,28Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи. 9#Мт 24,33Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Су­ди­јата стои пред вратата. 10#Мт 5,12; 23,29-31; Дела 7,52; Рим 11,3; 1 Сол 2,15; Евр 11,36-38Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово. 11#1,3-4; 2 Мојс 34,6; Пс 103,8; 111,4; Јов 1,20-22; 2,10; 42,10-17; Дан 12,12; Кол 1,11Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него. 12#Мт 5,34-37А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд! 13#Пс 50,15; Рим 15,9; 1 Кор 14,15; Ефес 5,19-20; Кол 3,16-17; 1 Сол 5,17-18А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фа­ли Господа! 14#Мк 6,13Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово. 15#Мк 5,34.41; 16,18; Лк 17,19И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат. 16#1 Сам 12,19; Дан 9,4-20; Мт 3,6; Дела 19,18Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот. 17#1 Цар 17,1; Мт 11,14; Лк 4,25Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. 18И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.
Поврати ги отклонетите
19 # Мт 18,12-13.15 Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го по­вра­ти, 20#Ез 3,20-21; Изреки 10,12; 1 Тим 4,16; 1 Птр 4,8; 1 Јн 5,16тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една ду­ша од смрт и ќе покрие многу гре­во­ви.

Currently Selected:

Јаков 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in