YouVersion Logo
Search Icon

Јаков 2

2
Верата е непристрасна
1 # 2,9; 5 Мојс 1,17; Јов 34,19; Дела 10,34 Браќа мои, држете ја непристрасно верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата! 2Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека, 3па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му ре­чете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“, 4зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли? 5#Мт 25,34; 1 Кор 1,26-28; 6,9-10; Гал 5,21Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат? 6А вие го посрамивте сиромавиот! Не се ли богатите тие што ве мачат и ве влечат по судови? 7#Дела 2,38; 10,48Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле? 8#1,25; 3 Мојс 19,18; Мт 19,19; 22,39; Мк 12,31; Лк 10,27; Јн 13,34-35; Рим 13,9Ако, пак, го извршувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како самиот себе“ – добро правите. 9#5 Мојс 1,17Но, ако сте пристрасни, грев пра­ви­те; и Законот ве осудува како престапници. 10#5 Мојс 27,26; Мт 5,19; Гал 3,10Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ. 11#2 Мојс 20,13-14; 5 Мојс 5,17-18; Мт 5,21.27; 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20; Рим 13,9Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот. 12#1,25Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според за­ко­нот на слободата. 13#Мт 5,7; 18,32-35Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.
Без дела верата е мртва
14 # 1,25; 3,13; Мт 5,16.20; 7,21.26; Рим 2,6.15-16; 3,28; Гал 2,16; 5,6; Ефес 2,8-10; Кол 1,10; 1 Сол 1,3; 2 Сол 1,11 Каква е ползата, браќа мои, ако не­кој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси? 15Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат, 16па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото – как­ва полза? 17#2,20.26И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва. 18Но може некој да рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја сво­ја­та вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера. 19#Мт 8,29; Мк 1,24; 5,7; Лк 4,34Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат. 20Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва? 21#1 Мојс 22,9.12; Ис 51,2; Мт 3,9Нели со дела беше оправдан Авра­ам, нашиот татко, откако врз жртве­ни­кот го положи својот син Исак? 22#Јн 8,39.53; Гал 3,6-9; Евр 11,17Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена? 23#1 Мојс 15,6; Ис 41,8; 2 Лет 20,7; Рим 4,3.9.22; Гал 3,6И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се на­рече – пријател Божји. 24Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера? 25#Ис.Н. 2,4.15; 6,17; Евр 11,31А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат? 26#2,17.20Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.

Currently Selected:

Јаков 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in