YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 61

61
Благовест за идниот Месија
1 # 11,2; 40,9; 42,1.7; 45,1; Пс 147,3; Мт 3,16; Лк 4,18; 7,22 Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на затворениците – отворање на темницата, 2#49,8; 57,18; 3 Мојс 25,10; Мт 5,5; Лк 4,19да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат, 3#42,3; 61,10; Пс 30,11; Фил 1,11да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – ми­рисно масло на радост, место опаднат дух – славна облека; и ќе ги наречат да­бови на правда, градина на Господ за Негова слава; 4#44,26; 58,12; Ез 36,10.33.35и ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови. 5#14,2Тогаш ќе дојдат туѓинци, и ќе ги па­сат стадата ваши; синовите на туѓин­ците ќе бидат ваши земјоделци и ваши лозари. 6#60,5; 2 Мојс 19,6; Рим 13,6; Откр 1,6; 20,6А вие ќе се нарекувате свештеници на Господ, – служители на нашиот Бог ќе ве нарекуваат; ќе се користите со имотот на народите и ќе се прославувате со нивните богатства. 7#40,2; Зах 9,12; Јов 42,10Заради тоа што бевте двојно посрамени, подбивот и срамот им беа наследство, затоа во земјата ќе добијат двојно; вечна веселба ќе има кај нив.
Господ ја сака правдата
8 # 55,3; Пс 37,28; 45,8 Зашто Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилството, и ќе им дадам награда според вистината и ќе направам со нив вечен завет; 9#65,23; 1 Мојс 12,3и семето нивно ќе биде познато меѓу народите, и потомството нивно – меѓу племињата; сите, што ќе ги видат, ќе познаат дека се тие семе благословено од Господ.
Радост во Господ
10 # 41,16; 49,18; 1 Сам 2,1; Авак 3,18; Пс 132,9.16; Лк 1,46; Откр 21,2 Многу ќе се радувам во Господ, ду­шата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Тој ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси. 11#45,8; 62,7; Соф 3,20Зашто – како што земјата ги произ­ведува растенијата свои, и како што во градината расте сѐ што ќе се посее – така Господ Бог ќе направи да никне правда и слава пред сите народи.

Currently Selected:

Исаија 61: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in