YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 34

34
Божји суд над народите
1 # 49,1; 5 Мојс 32,1; Амос 3,9; Пс 49,1 Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слу­ша земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и сѐ што се раѓа во неа! 2#30,27-28Зашто гневот на Господ е врз сите народи, а јароста Негова врз целата нивна војска. Тој ќе ги уништи, ќе ги предаде на погибел. 3#5,25; 14,19-20; Јоил 2,20И нивните убиени ќе бидат расфрлани, и од труповите нивни ќе се крене смрдеа; по планините ќе потече нивна крв. 4#24,23; Мт 24,29; Мк 13,25; Лк 21,26; Откр; 6,12-14И ќе излезе сета небесна војска, и небото ќе се свитка како книжен свиток; сета војска нивна ќе падне, како што паѓа лист од лоза, како свенат лист од смоква.
Казна за Едом
5 # Ез 25,14; Амос 1,11 Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едом, за да биде казнет народот што го проколнав. 6#63,1; 3 Мојс 3,4; 2 Сам 1,22; Ер 46,10Мечот Господов ќе се насити со крв, ќе се намрси од маснотија, од јагнешка и козја крв, од маснотиите на овнешки­те бубрези: зашто Господ има жртва во Восор, и голем колеж во земјата едом­ска. 7#Пс 22,12И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се намрси од маснотија. 8#61,2; 63,4; Ер 50,28Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион. 9#1 Мојс 19,24-28; 5 Мојс 29,21-22И реките негови ќе се претворат во катран, а правот негов – во сулфур; и земјата негова ќе биде запален катран; 10#33,8; 60,15; Зах 7,14; Откр 14,10-11нема да гасне ни дење, ни ноќе; и димот нејзин вечно ќе излегува, од род во род ќе остане запустена; никогаш нема да мине никој по неа. 11#13,20-22; 2 Цар 21,13; Соф 2,14; Пс 102,6; Плач 2,8И ќе ја завладеат пеликани и ежови, буфови и гаврани ќе се населат во неа; и ќе протегнат по неа јаже за разорување и мера за уништување.
Крајот на Едом
12 # 1 Мојс 36,31-43; Авд 1,8.18 Никој нема да остане таму од нејзините старешини, за да прогласуваат ца­реви; сите кнезови нејзини ќе бидат уништени. 13#13,21; 25,2; 35,7Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини – со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на чакалите, свртилиште на ноевите. 14#13,21-22; 3 Мојс 17,7Ѕверови пустински ќе се среќаваат со диви мачки, козли ќе се повикуваат еден со друг; таму Лилит#34,14 Женски демон од вавилонската митологија. ќе се одмара и ќе наоѓа спокојство. 15#Мт 24,28Таму ќе свие гнездо буфот, ќе несе јајца, ќе веде малечки и ќе ги собира под сенката своја; таму и јастреби ќе се собираат еден со друг. 16#1,20; 29,18; Откр 20,12Барајте во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се за­мени. Зашто самата Негова уста запо­веда, самиот дух Негов ќе ги собере. 17Зашто Тој Самиот им фрли ждрепка, Неговата рака ќе им ја раздели земјата со мерка; засекогаш тие ќе ја владеат, од род во род ќе живеат во неа.

Currently Selected:

Исаија 34: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in