YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 25

25
Благодарствена молитва
1 # 12,1-4; 37,26; 2 Мојс 15,2; Јоил 2,26; Пс 31,14; 118,28 Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам име­то Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни. 2#13,20; 17,1; Ер 9,10; 51,37Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на туѓинци; никогаш нема да биде обновен. 3#24,15-16Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните пле­миња ќе се плашат од Тебе; 4#4,6; 29,1; 32,2зашто Ти беше прибежиште на си­ромавиот, прибежиште на немоќ­ниот во тешко време за него, заштита од бу­ра, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на зимска виулица. 5#24,8Ти го скроти викањето на непријателите, како припек – во безводно мес­то; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена.
Господ нѐ избави
6 # 2,2; Изреки 9,2-5; Мт 8,11; Јн 6,51.54; Откр 19,9 И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина; 7врз таа планина ќе ја уништи пок­ривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња. 8#26,19; Ос 13,14; 1 Кор 15,26.54; Откр 7,17; 21,4Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ. 9#33,2; 35,4; 1 Сам 2,1; Пс 27,14; 95,7; 1 Птр 1,8И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го че­кавме; да се радуваме и веселиме за спа­сението од Него! 10#Амос 1,3; Мих 7,10Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде пре­газен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“ 11#16,6.14; Ер 48,29; Соф 2,8.10И макар што ги размавна среде него рацете свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја по­низи гордоста негова заедно со мафта­њето на рацете негови. 12#26,5И ќе ја собори, ќе ја разруши тврдината со твоите високи ѕидишта, ќе ја кутне на земја, во прав.

Currently Selected:

Исаија 25: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in