Исаија 23
23
Градот Тир ќе биде казнет
1 #
2 Сам 5,11; Ер 25,22; Ез 26,2; Амос; 1,9-10; Зах 9,2-4; Пс 48,7 Пророштво за Тир. – Плачете бродови на Тарсис, зашто тој е разрушен: нема куќи и нема кој да влегува во куќите. Тоа им беше соопштено на враќање од земјата Китим. 2#3 Мојс 10,3; Амос 5,13; Плач 2,10Молкнете жители на крајбрежјето, што го полнеа сидонските трговци, пловејќи по море. 3#Ер 2,18; Ез 27,12-25; Пс 77,19По големи води се пренесуваат во него житата на Шихор, жетвата на големата река; тој беше пазариште на народите. 4#49,21Засрами се, Сидоне: зашто, еве што вели морето, морската тврдина: не сум се мачела со родилни маки и не сум раѓала, не сум одгледувала момци, ниту израснувала моми. 5#Ер 51,29; Ез 30,15-16Кога ќе стигне веста до Египќаните, тие ќе затреперат штом ќе чујат за Тир. 6Преселувајте се во Тарсис, плачете, жители на приморјето! 7#51,9; Мих 7,20; Пс 44,1Тоа ли е вашиот град кој ликува, чиј почеток е од древните дни? Нозете негови го носеа, да се скита далеку во туѓина. 8#Ез 26,17; 27,8; Изреки 31,24; Откр 18,23Кој го одреди тоа за Тир, што раздаваше венци, чии купувачи беа кнезови, а трговците негови – најпрочуени во земјата? 9#2,11; Ез 28,6-7; Јов 22,29; Изреки 6,17Господ Саваот го одреди тоа, за да посрами секоја горда слава, за да ги понизи сите најпрочуени во земјата. 10Оди по земјата своја, таршишка ќерко, како реката: нема повеќе пречки#23,10 Ги нема веќе твоите пристаништа..
Тир ќе биде заборавен
11 #
14,27; Јов 9,6 Тој протегна рака врз морето, затресе царства; Господ додаде повелба за Ханан – да ги разруши тврдините негови, 12#Пс 94,3; Јов 10,3и рече: „Нема повеќе да ликуваш, посрамена девице, ќерко сидонска, оди во Китим, но и таму нема да имаш мир.“ 13#13,21; 34,14; Ер 50,39; Ез 26,12Ете ја земјата на Халдејците. Тој народ постојано го немаше; Ашур му стави почеток од пустински жители. Тие ги издигаа кулите свои, ги соборуваа дворците негови, го претворија во урнатини. 14Плачете, кораби таршишки, зашто вашата тврдина е разрушена. 15#Ер 25,11-12И во тој ден ќе го заборават Тир за седумдесет години, колку што се деновите на еден цар. А по седумдесет години ќе се пее за Тир, како што се пее за блудница: 16„Земи харфа, тргни по градот, блуднице заборавена! Свири убаво, пеј многу песни за да се сеќаваат на тебе.“ 17#10,3; Откр 17,2И ете, по седумдесет години Господ ќе го посети Тир; и тој пак ќе ја добива печалбата своја и ќе блудствува со сите земни царства по целата вселена. 18#Јоил 2,26Но трговијата негова и печалбата му ќе бидат посветувани на Господ; нема да бидат затворени и натрупани во складови, зашто печалбата од трговијата негова ќе преминува на оние што живеат пред лицето на Господ, за да јадат до наситување и да имаат трајни облеки.
Currently Selected:
Исаија 23: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006