YouVersion Logo
Search Icon

Осија 9

9
Казна за Израел
1 # 1,2; 2,4; 4,12 Не радувај се, Израеле, со преголема веселба како другите народи, зашто блудствуваш, откако отстапи од својот Бог – и ги засака даровите од блуд по сите житни гумна. 2#2,11; 8,7Гумното и кацата нема да ги на­хранат, а виното ќе ги измами. 3#8,13; 10,6; 11,5Тие нема веќе да живеат во земјата Господова: Ефрем ќе се врати во Еги­пет и во Асирија ќе јадат нечисто. 4#5 Мојс 26,14Нема да вршат преливи со вино за Господ, и неугодни ќе Му бидат жртви­те нивни; лебот ќе им биде како леб на нажалени: сите што ќе го јадат, ќе се осквернуваат, зашто нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе. 5#2 Мојс 23,14-17Што ќе правиш во деновите на соби­рите и во деновите на празниците Гос­подови? 6#10,8Зашто сите ќе си заминат пред запустувањето; Египет ќе ги прибере, Мемфис ќе ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ќе ги прекријат, во шаторите нивни ќе обраснат трнливи грмушки. 7#Амос 3,2; Соф 3,4; Јн 10,20Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за одмазда. Нека раз­бере Израел дека е глупав претска­жувачот, безумен е оној што изјавува дека е вдахновен, поради многуте ваши беззаконија и големата омраза. 8#Ер 6,17; 20,1-6; Ез 3,17; Амос; 7,10-17Бог ме испрати како пророк, за да го предупредам Неговиот народ Израел. Но тие насекаде мрежа ми поставуваат, дури и во Божјиот дом му се противат на пророкот. 9#7,2; 8,13; 10,9; Суд 19Многу ниско паднаа, останаа раз­вратни како во деновите на Гива; но Тој ќе се присети за нивните беззаконија, ќе ги казни за нивните гревови.
Тешките последици од гревот
10 # 2,16-17; 4 Мојс 25,1-5; 5 Мојс 32,10; Ис 28,4; Ер 2,5; Мих 7,1 Како грозје во пустина го најдов Израел; како ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваал-Пеор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како и нивните љубимци. 11#5 Мојс 28,18Славата на Ефрем ќе одлета како птица; нема да има кај нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување. 12#5 Мојс 28,41; 32,25; Јов 27,14Па макар и да одгледаат деца свои, Јас ќе ги одземам; зашто тешко ним, кога ќе ги оставам. 13Ефрем е како да го гледам Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои на клање.
Зборови на Осија
14 # Јов 3,11-12; Лк 23,29 Дај им, Господи, а што да им да­деш? Дај им утроба што не раѓа, и – суви гради.
Божјиот суд над Израел
15 # 1,6; 4,15; 6,8; 8,1 Сето зло им е во Гилгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници. 16#9,12; Амос 2,9; Јов 18,16; Мт 21,19Поразен е Ефрем; се исуши коре­нот нивни – плод нема да имаат; и ако родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна. 17#1 Мојс 4,14; 5 Мојс 28,64-65Ќе ги отфрли мојот Бог, зашто тие не Го послушаа, па затоа ќе скитаат меѓу народите.

Currently Selected:

Осија 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in