YouVersion Logo
Search Icon

Осија 7

7
Господ сака да му помогне на Израел
1 # 4,2 Штом ќе посакам да го излечам Израел, се открива неправдата на Ефрем и злосторството на Самарија, зашто тие лажат, и крадец провалува, и разбојник граби по улиците. 2#1 Цар 17,18; Ер 2,19; Амос 8,7; Мал 3,16; Пс 90,8; Откр 20,12И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколија нивните де­ла; пред лицето Мое се. 3Со злосторства го веселат царот свој и со лагите свои – кнезовите. 4Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена која пекарот по­веќе не ја разгорува, додека не го замеси тестото, и тоа скисне. 5„Денот е на царот наш!“ – велат кнезовите, опијанети од вино, а тој се ракува со опијанетите. 6Од сплетките нивни срцето им се вжарува како печка: гневот тлее во нив цела ноќ, а утрината се разгорува како огнен пламен. 7#2 Цар 15,10.14.25Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви паѓаат и никој од нив не вика кон Мене. 8Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена. 9#5,12; Ер 5,3; Откр 3,17Туѓинци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му по­белела, а тој не знае. 10#5,4; 11,5; Ис 9,12; Амос; 4,6-11И гордоста на Израел сведочи против нив – и покрај сето тоа не се обра­ќаат кон Господ, својот Бог, и не Го бараат.
Залудно барате помош од други народи
11 # 4,11; 5,13; 12,2; Ер 2,18; Плач 5,6 А Ефрем стана како глупав гулаб – без разум: ги повикуваат Египќаните на помош, а потоа се приклонуваат кон Асирија. 12#Ез 12,13; Проп 9,12; Мт 13,47Каде и да појдат, Јас ќе ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици не­бески ќе ги кутнам; ќе ги казнам, како што беше речено во нивното собрание. 13#7,1; 13,14Тешко ним, зашто отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие Ме лажеа. 14А не повикаа кон Мене од сѐ срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а против Мене се бунтуваа. 15Додека Јас ги поткрепував и им да­вав сила, тие коваа зло против Мене. 16#9,6; Ер 42,18; Пс 78,57Тие се свртуваа кон лажни богови; станаа како скршен лак. Заради нивната горделивост, кнезовите ќе им изгинат од меч, а Египќаните ќе им се смеат.

Currently Selected:

Осија 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in