YouVersion Logo
Search Icon

Осија 13

13
Пропаст на Израел
1 # 4,17 Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше првак во Из­раел; но се огреши со Ваал и загина. 2#8,5-6; 1 Цар 12,27.32; 19,18; Јов 31,27И сега продолжува да греши: напра­вија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги замислуваат – уметничка работа – па им велат на луѓето ним да им принесуваат жртви и да ги целиваат телињата. 3#6,4; Ис 17,13; 41,16; Соф 2,2; Пс 1,4; Јов 21,18Поради тоа тие ќе бидат како утрена магла, како роса што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од оџак. 4#11,1; 12,10; 2 Мојс 20,2; 5 Мојс 5,6; Ис 43,11; 44,8; 49,26; 63,8Но Јас сум Господ, твојот Бог уште од земјата египетска – и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене; нема Спа­сител освен Мене. 5#2,16; 5 Мојс 32,10Јас те хранев во пустината, во засу­шената земја. 6#8,14; 5 Мојс 8,14; 32,15Јас ги хранев и тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа. 7#5,14; Ер 5,6И Јас ќе бидам како лав за нив, како леопард што им демне покрај патот. 8#2 Сам 17,8; Изреки 17,12; Плач 3,10Ќе напаѓам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ќе им ги истргнувам срцата нивни и ќе ги изедам таму како лавица, полските ѕверови ќе ги раскинуваат. 9Ќе те уништам, Израеле, кој ќе ти помогне? 10#1 Сам 8,5-6.19Каде ти е сега царот за да те спаси? Каде се твоите кнезови да те бранат, оние за кои велеше: „Дај ни цар и началници!“ 11#10,15; 1 Сам 8,7.22Јас ти дадов цар во гневот Свој и ти го одзедов во јароста Своја.
Страшна судбина на Израел
12 # 5 Мојс 32,34-35 Врзано е беззаконието на Ефрем, се чува гревот негов. 13#2 Цар 19,3; Ис 13,8; 26,17-18; 37,3Родилните маки го обзедоа, но тој е неразбран син, не излегува навреме од утробата. 14#6,2; Ис 25,8; 26,19; Ез 37,1-14; 1 Кор 15,55; Откр 20,14Од власта на пеколот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт – ка­де ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? Сочувството е скриено од Моите очи. 15#12,2; Ис 21,1; Ер 4,11; Ез 17,10; 19,12Иако е Ефрем плоден меѓу браќата, ќе дојде источен ветар, ќе се крене вет­рот Господов од пустината, и ќе го пресуши изворот негов, и ќе го однесе богатството од сите сокровишта.

Currently Selected:

Осија 13: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in