Агеј Вовед
Вовед
Книгата на пророкот Агеј претставува збирка од повеќе куси пораки од Господ, упатени преку пророкот Агеј, во 520 година пред Христос. Таа година, голем број Јудејци се вратиле во својата земја по долгогодишното прогонство во Вавилон. Побогатите се снашле, но голем дел од народот се измачувал во сиромаштија. Господ им порачува преку пророкот Агеј дека причината за тешкиот живот е во тоа што тие не го обновиле Божјиот храм, кој лежел во урнатини. Тоа покажувало дека тие немаат многу почит кон Господ, а како последица, Господ не им дал благослов.
Вавилонците го разурнале храмот во Ерусалим во 587 година пред Христос. По педесетина години, во 538 година Јудејците започнале да го обновуваат храмот, но набргу се обесхрабриле во работата. Во времето на пророкот Агеј, се повторила истата ситуација. Затоа Господ го охрабрува Зоровавел да остане доследен во обновата на храмот, со ветување од Господ дека новиот храм ќе ја надмине славата на поранешниот. Тогаш народот се посветил на обнова на храмот, а Господ им го ветува Својот благослов.
Currently Selected:
Агеј Вовед: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006