Агеј 2
2
Славата на идниот храм
1Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј: 2#1,12„Кажи им сега на Зоровавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, и на Исус, Јоседековиот син, првосвештеникот, и на другиот народ: 3#Езд 3,10-13Кој од вас што останавте, го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи? 4#1,13; Езд 10,4Но охрабри се сега, Зоровавеле, – вели Господ – ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде – вели Господ – и работете, зашто Јас сум со вас“, вели Господ Саваот. 5„Како што ви ветив, кога излеговте од Египет, Мојот Дух ќе биде меѓу вас: не плашете се!“ 6#Авак 3,6; Пс 18,7; Евр 12,26Зашто вака вели Господ Саваот – „Уште еднаш – и ете, скоро ќе се случи тоа – ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното; 7#Ис 60,7-11; Откр 21,24-26ќе ги стресам сите народи – и ќе дојде богатството на сите народи и ќе се исполни овој дом со слава“, вели Господ Саваот. 8#Ис 60,17„Среброто е Мое и златото е Мое“ – вели Господ Саваот. 9#Ер 33,6-9; Зах 8,12„Славата на овој нов храм ќе биде поголема отколку на поранешниот – вели Господ Саваот; и на ова место ќе му дадам мир“, вели Господ Саваот.
Минатото и иднината
10На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дариј, дојде слово Господово преку пророкот Агеј: 11#Мал 2,7„Вака вели Господ Саваот – прашај ги свештениците за Законот и кажи – 12#Ер 11,15ако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до масло, или до какво и да е друго јадење, дали би се осветило тоа?“ Одговорија свештениците и рекоа: „Не.“ 13#3 Мојс 22,4-7; 4 Мојс 19,22Потоа пак рече Агеј: „Ако некој се осквернил, допирајќи мртовец и потоа би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?“ Одговорија свештениците и рекоа – „Ќе стане нечисто.“ 14Тогаш рече Агеј – таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, сѐ ќе биде нечисто. 15#1,5А сега размислете за минатото и за иднината, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господов, 16#1,6како изгледавте? Доаѓавте до купче од дваесет мери, а имаше само десет; доаѓавте да црпите од каца со зафатнина од педесет мери, а имаше само дваесет мери. 17#Амос 4,9Ве поразував со гламја и со млечка по житата и со град во секое дело на рацете ваши, но вие не се обративте кон Мене, вели Господ. 18Размислете од денес за натаму, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господов; обратете ги срцата ваши: 19#1 Мојс 49,25; Мал 3,10; Пс 84,6Има ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ќе ве благословувам.
Божјо Слово до Зоровавел
20И дојде слово Господово до пророкот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено: 21#2,6„Кажи му на Зоровавел, управителот на Јудеја: ќе го затресам небото и земјата; 22#Суд 7,22; Ез 38,21; Зах 14,13ќе урнам престоли на царства незнабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седнат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, секој од мечот на својот другар. 23#Ер 22,24; Зах 6,12-13; Пс 78,68Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле, сине Салатиилов, слуго Мој, вели Господ, и ќе те држам како печат, бидејќи те избрав.“
Currently Selected:
Агеј 2: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006