YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 36

36
Исав се населува во Едом
1 # 26,34; 28,9 А ова е родословието на Исав, кој се вика и Едом. 2Исав си зеде жени од ќерките ханански: Ада, ќерка на Елон Хитиецот, и Охоливама, ќерката на Ана, синот на Цивеон Евеецот. 3И со Васемата, ќерката Јишмаелова, сестрата на Навајот. 4Ада му го роди на Исав Елифаз, а Васемата го роди Рагуил. 5Охоливама, пак ги роди Јеус, Јалам и Кореј. Тоа се синовите Исавови, кои му се родија во земјата хананска. 6И Исав ги зема жените свои, и синовите свои, и ќерките свои и сите домашни свои, и стадата свои, и сиот добиток свој, и сиот имот свој што го беше спечалил во земјата хананска, па отиде Исав од земјата хананска во друга земја, далеку од Јаков, братот свој. 7#13,6Зашто имотот им беше многу голем, па не можеа да живеат заедно; ниту земјата, во која беа доселени, можеше да ги собере, поради многуте стада. 8#32,4И се насели Исав, наречен Едом, на гората Сеир. 9#36,15-19; Суд 5,4; 1 Лет; 1,35-37Ете, тоа е родословието Исавово, татко на Едомците на гората Сеир. 10Еве ги имињата на синовите Исавови: Елифаз, син на Ада, жена Исавова, и Рагуил, син на Васемата, жена Исавова. 11А Елифазови синови беа: Теман, Омар, Цефо, Гатам и Кеназ. 12Тимна беше наложница на Елифаз, синот Исавов, и му го роди на Елифаз Амалик. Тоа се синовите на Ада, жената Исавова. 13А ова се синовите на Рагуил: Нахат, Зерах, Шама и Миза. Тоа беа внуците на Васемата, жената Исавова. 14Синовите, пак, на Охоливама, ќер­ката на Ана, синот на Цивеон, жена Исавова се: Јеус, Јалам и Кореј. 15#36,9-14А ова се старешините од синовите Исавови: синови на Елифаз, првенецот Исавов: старешината Теман, старе­ши­ната Омар, старешината Цефо, старе­ши­ната Кеназ, 16старешината Кореј, старешината Гатам, старешината Амалик. Тоа се старешините од Елифаз во земјата едомска; тоа се синови на Ада. 17Ова се, пак, синовите на Рагуил, синот Исавов: старешината Нахат, старешината Зерах, старешината Шама, и старешината Миза. Тоа се старешините Рагуилови во земјата едомска; тие се внуци на Васемата, жената Исавова. 18А потомци на Охоливама, жената Исавова се: старешината Јеус, старешината Јалам, старешината Кореј. Тоа се старешините од Охоливама, ќерката на Ана, жена Исавова. 19Тоа се синовите Исавови и старешините нивни. Тоа е Едом. 20Еве ги синовите на Хориецот Сеир, кои живееја во онаа земја: Лотан, Шовал, Цивеон и Ана. 21Дишон, Ецер и Дишан. Тие се старешини Хориеви, синови на Сеир во земјата едомска. 22А синови Лотанови беа: Хориј и Еман; сестра, пак, Лотанова беше Тимна. 23Ова се, пак, синовите на Шовал: Алван, Манахат, Евал, Шефро и Онам. 24Синови на Цивеон беа: Аја и Ана. Тој е оној Ана, кој ги пронајде топлите извори во пустината, кога ги пасеше магарињата на Цивеон, таткото свој. 25Деца, пак, на Ана беа: Дишон и Охоливама, ќерката на Ана. 26А ова се синовите Дишонови: Хемдан, Ешбан, Јутран и Керан. 27Ецерови синови беа: Билхан, Зааван и Акан. 28#10,23; Јов 1,1Синови, пак, на Дишан беа: Уц и Аран. 29Еве ги старешините на Хоријците: старешината Лотан, старешината Шовал, старешината Цивеон, старе­шината Ана, 30старешината Дишон, старешината Ецер, старешината Дишан. Тоа се старешините на Хоријците, според старешинствата нивни во земјата Сеир. 31#4 Мојс 20,14; 1 Лет 1,43-50А ова се царевите, кои царуваа во Едом, пред да стануваат цареви синовите на Израел: 32во Едом царуваше Бела, синот Беоров, а градот се викаше Динхава. 33А кога умре Бела, по него се зацари Јовав, синот на Зерах од Восор. 34По смртта на Јовав, се зацари Ху­шам од земјата Теманиска. 35А кога умре Хушам, на негово мес­то се зацари Адад, синот Бедадов, кој ги порази Мидјаните во полето Моавско, а градот се викаше Авит. 36Умре и Адад, а на негово место се зацари Самла од Масрека. 37По смртта на Самла се зацари Саул од Реховот, што се наоѓа крај реката. 38А кога умре Саул, на негово место се зацари Ваал-Ханан, синот Ахборов. 39Умре и Ваал-Ханан, синот на Ах­бор, а на негово место се зацари Адар, а градот му се викаше Пау. Име­то на жената негова ѝ беше Мехетавел, ќерка на Матред, син на Мезахав. 40#1 Лет 1,51-54Еве ги имињата на старешините Исавови, според племињата нивни, по местата нивни: старешината Тимна, старешината Алва, старешината Јетем, 41старешината Охоливама, стареши­ната Ила, старешината Пинон, 42старешината Кеназ, старешината Теман, старешината Мивцар, 43старешината Магдиел, старешината Ирам. Тоа се едомски старешини спо­ред населбите во нивната земја. Исав им беше татко на Едомците.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in