YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 22

22
Авраам е готов да го жртвува Исака
1 # Евр; 11,17-19 По тие настани Бог, иску­шувајќи го Авраам, рече: „Авра­аме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 2#Мих 6,7; Мт 10,37; Јк 2,21-23Бог продолжи: „Земи го синот твој единец Исак, кого што многу го сакаш, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!“ 3И утредента рано, откако стана, Ав­раам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, си­нот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог. 4На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото од­далеку. 5И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со магарето, а јас и детето ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.“ 6И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце оган и нож; па отидоа обајцата заедно. 7Тогаш му рече Исак на Авраам, тат­кото свој: „Татко!“ А тој одговори: „Што е, синко!“ А тој рече: „Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва?“ 8А Авраам одговори: „Бог ќе си прибави, синко, јагне за жртва.“ И обајцата го продолжија патот заедно. 9#Јк 2,21И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исак, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. 10Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој, 11но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 12#2 Мојс 20,20; Јн 3,16; Рим 8,32; Евр 11,17И ангелот продолжи: „Не кревај ја раката своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали ни синот свој единец заради Мене.“ 13И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа – зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој. 14И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“#22,14 Господ ќе предвиди!. Затоа и денес се вели: „На горичката Господ се јави.“ 15А ангелот Господов повторно го викна од небото Авраам, 16#Евр 6,13и рече: „Се колнам во Себе – вели Господ – кога така направи, и не го пожали синот свој единец, заради Мене, 17#12,2; 15,5; 16,10; 32,13Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокот на морскиот брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. 18#12,3И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша Мојот глас.“ 19Тогаш Авраам се врати кај слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И живееше Авраам во Вирсавија. 20По тие настани му јавија на Ав­раам: Ете, и Милка му роди синови на братот твој Нахор: 21Уц, неговиот првенец, брат му Буз, и Ќемуел, таткото на Арам, 22Хазо, Пилдаш, Идлаф и Ветуил. 23#24,15; 25,20; 28,2Од Ветуил се роди Ревека. Овие му ги роди Милка на Нахор, братот на Авраам. 24А неговата наложница, по име Реума, ги роди овие: Тевах, Гахам, Та­хаш и Мааха.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in