Создавање 13
13
1И тргна Аврам од Египет кон југ, со сѐ што имаше, тој, жената негова, а и Лот со нив.
Аврам и Лот се разделуваат
2 #
24,35; Пс 112,1-3; Јов 1,3-10; Изреки 3,9-10 А Аврам беше многу богат со добиток, со сребро и со злато. 3#12,8И ги продолжи тој патувањата свои од Негев до Ветил, до местото, каде што порано му беше поставен шаторот, меѓу Ветил и Гај; 4до местото, каде што најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово. 5А и Лот, кој одеше со Аврам, имаше ситен и крупен добиток и шатори. 6#36,7И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно. 7#26,20И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа земја живееја тогаш Хананци и Перизијци. 8Затоа Аврам му рече на Лот: „Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини. 9Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.“ 10#2,9; 19,24-25Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомора, целата, сѐ до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата египетска. 11И Лот ја избра за себе целата околина јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг. 12#1 Мојс 19,17Аврам се насели во земјата хананска, а Лот се настани во околните градови, поставувајќи ги шаторите свои дури до Содом. 13Луѓето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Господ. 14И му рече Бог на Аврам, откако Лот се оддели од него: „Крени ги очите свои, па погледни од местото, каде што си сега, на север и на југ, на исток и на запад, 15#12,7зашто целата земја што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека; 16ќе го умножам потомството твое да биде колку што е песокот на земјата; ако некој може да го изброи песокот на земјата, ќе може да го изброи и потомството твое. 17Стани и изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто ќе ти ја дадам тебе.“ 18#23,2; 4 Мојс 13,22; 2 Сам 2,1И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабовите во Мамре, што беше кај Хеврон, и таму Му подигна жртвеник на Господ.
Currently Selected:
Создавање 13: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006