Создавање 10
10
Народите на земјата
1А ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови. 2#Ез 27,13; 38,6Синовите на Јафет се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мешех и Тирас. 3А синовите Гомерови се: Ашкеназ, Рифат и Тогарма. 4Синовите, пак, Јаванови се: Елисеј, Тарсис, Китим и Роданим. 5Од нив се разгранаа одделни народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој. 6#9,18; 12,6Хамовите синови се: Куш, Мицраим, Пут и Ханан. 7#1 Цар 10,1-3А синовите Кушови: Сева, Евила, Сафта, Рама и Сафтеха. Синовите, пак, Рамаови се: Сева и Дедан. 8#Мих 5,5Куш го роди Нимрод; тој започна да станува силен на земјата; 9тој беше добар ловец пред Господ; затоа се вели: – добар ловец пред Господ, како Нимрод. 10Во почетокот негови царства беа: Вавилон, Ерех, Акад и Калне, сите во земјата Сенаар. 11#Наум 1,1; 3,19Од таа земја излезе Ашур, и ги соѕида Ниневија, Ревот, Калах, 12и Ресен меѓу Ниневија и Калах; тој е голем град. 13Од Мицраим произлегоа потомците на Луд, Енам, Лаав и Нафтух, 14како и потомците на Патру и Каслух, од кои водат потекло Филистејците и Кафторимите. 15А Ханан го роди својот првенец Сидон, и Хет, 16потоа Јевусиј, Амориј, Гергесеј, 17Евеј, Аркиј, Синиј, 18Арвадиј, Цамариј и Аматиј. А потоа племињата ханански се раселија. 19Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар сѐ до Газа, и потоа до Содом, Гомора, Адма и Цевоим, па сѐ до Лаша. 20Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои. 21И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови. 22А синовите Симови беа: Елам, Ашур, Арфаксад, Луд и Арам. 23Синовите, пак, Арамови се: Уц, Ул, Гетер и Маш. 24Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евер. 25На Евер му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брат му беше Јоктан. 26Јоктан го роди Алмодад, Шалеф, Хацармавет и Јерах, 27Хадорам, Узал и Дикла, 28па Овал, Авимаел и Сева, 29потоа Офир, Авила и Јовав – сите тие беа синови Јоктанови. 30Живеалиштата им беа од Меша до источната гора Сефар. 31Тоа се Симовите синови според родовите нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и според нивните народи. 32#9,1; 5 Мојс 32,8Тоа се родовите на синовите Ноеви според нивните родословија, и според народите нивни. Од нив се раширија народи по земјата после потопот.
Currently Selected:
Создавање 10: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006