YouVersion Logo
Search Icon

Ездра 8

8
Ездрините придружници
1Еве ги старешините на домовите и родословијата на оние, кои со мене тргнаа на пат од Вавилон, во времето на царувањето на царот Артаксеркс: 2од потомците на Финес – Гершом; од потомците на Итамар – Даниел; од потомците на Давид – Хатуш; 3#2,3; 1 Лет 3,22еден од синовите на Шеканија; од потомците на Парош – Захарија, со кого беа запишани сто и педесет мажи. 4#2,6Од потомците на Пахат-Моав – Елјехоенај, син на Зерахија, и со него двесте мажи. 5Од потомците на Зату – Шеканија, син на Јахазиел, и со него триста мажи. 6#2,15; Неем 7,20Од потомците на Адин – Евед, син на Јонатан, и со него педесет мажи. 7Од потомците на Елам – Исаија, синот на Готолија, и со него седумдесет мажи. 8Од потомците на Сафатија – Зевадија, синот на Михаил, и со него осумдесет мажи. 9Од потомците на Јоав – Авдија, синот на Јехиил, и со него двесте и осумдесет мажи. 10Од потомците на Бани – Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи. 11Од потомците на Бевај – Захарија, синот на Бевај, и со него дваесет и осум мажи. 12Од потомците на Азгад – Јоханан, син на Хакатан, и со него сто и десет мажи. 13#2,13Од потомците на Адоникам, кои тргнаа подоцна, ова се нивните имиња: Елифелет, Јеиел, и Шемаја, и со нив шеесет мажи. 14Од потомците на Бигвај – Утај и Захур, и со нив седумдесет мажи.
Подготовки за враќање во Ерусалим
15 # 2,40 Ги собрав кај реката, која тече низ Ахава, и таму престојувавме три дена, и, откако го прегледав народот и свеш­тениците, открив дека нема ниеден од потомците на Левиј. 16Тогаш испратив да го повикаат Елиезер, Ариил, Шемаја, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захарија и Мешулам – старешини, и Јојарив и Елнатан – познавачи на законот; 17и им дадов порака за Идо, начал­никот на местото Касифија, и ги поучив како да му зборуваат на Идо и на неговите соработници, храмови при­служници од Касифија за да ни доведат служители за домот на нашиот Бог. 18#7,6И бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас, тие ни доведоа еден разумен човек, од по­томците на Махлиј, син Левиев, син Израелов, Шеревија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души; 19и Хашавија и со него Исаија од потомците Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет; 20#1 Лет 9,2и од слугите на храмот што ги определија Давид и неговите начал­ници за прислуга на левитите, двесте и дваесет прислужници; сите тие беа спомнати по име. 21#Пс 5,7; 27,11; 107,7Тогаш објавив таму пост при реката во Ахава за да се смириме пред лицето на нашиот Бог и да измолиме од Него успешен пат за себе, за децата свои и за целиот имот, 22#5 Мојс 31,17; Неем 2,9бидејќи ми беше срам да барам од царот војска и коњаници да нѐ чуваат од непријателите по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: „Раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а силата Негова и Неговиот гнев стои над сите што Го оставаат!“ 23#2 Лет 20,3; Дела 14,23И така, ние постевме и Го молев­ме нашиот Бог за тоа, и Тој нѐ послуша. 24Тогаш одвоив дванаесетмина од главните свештеници: Шеревија и Ха­шавија, и со нив уште десетмина; 25и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – сѐ што беше жрт­вувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израелци, што беа таму. 26И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет кикари, и сребрени садови – за сто кикари, злато – сто кикари, 27златни чаши – дваесет, кои чинеа илјада даријки, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато. 28#3 Мојс 21,6И им реков: „Вие сте Му свети на Господ, и садовите се свети, и среброто и златото – доброволен прилог на Гос­под, Бог на вашите предци. 29Бидете будни и чувајте го тоа, додека да го предадете со мерка на начал­ниците над свештениците, левитите и старешините Израелови во Ерусалим, во одаите на домот Госпо­дов.“ 30#5,5Свештениците и левитите го при­мија измереното сребро, злато и садови за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.
Патувањето и пристигнувањето во Ерусалим
31Тогаш тргнавме од реката во Ахава на дванаесеттиот ден од првиот месец за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и нѐ чуваше од непријателска рака и од оние што ни правеа заседи по патот. 32И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни. 33#Неем 3,4.21На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите во домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Меремот, синот Уриев, на Елеазар, синот на Финес, со кои беа ле­витите Јозавад, синот на Јешуа, и Но­адија, синот на Бинуј. 34Сѐ беше изброено и измерено, а те­жината на сѐ што беше измерено, беше забележана во истиот момент. 35#3 Мојс 1,3; 2 Лет 29,21.24Дојдените преселеници од пленство Му принесоа на Бог Израелов дванаесет телиња за сиот Израел, деведесет и шест овни и – седумдесет и седум јагниња како сепаленици и дванаесет јарци како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господ. 36#7,21-24; Ест 9,3; Неем 2,7И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните управители, и тие го почитуваа народот и домот Божји.

Currently Selected:

Ездра 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in