YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 48

48
Поделба на земјата меѓу дванаесетте племиња
1А ова се имињата на племињата. На север, по патот што води од Хетлон за Хамат и Хацар-Енан, на ме­ѓата меѓу Дамаск и Хамат, сето тоа од исток па сѐ до морето е еден дел за Дан. 2А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асир. 3Од границата, пак, на Асир, од ис­точниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталим. 4До границата на Нефталим, од ис­точниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Манасија. 5До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрем. 6До границата на Ефрем, од источ­ниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Рувим. 7До границата на Рувим, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда.
Посебен дел на средината
8 # 45,3 А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет илјади лакти и долг колку што се и другите делови, од исток па сѐ до запад. Во средината негова нека биде светилиштето. 9Делот што е посветен за Господ ќе биде долг дваесет и пет илјади лакти, а широк десет илјади. 10И тој свештен дел треба да им припаѓа на свештениците, кој е од се­верната страна долг дваесет и пет илјади лакти, а откај морето – широк десет ил­јади, и откај исток – широк десет ил­јади, а откај југ долг ќе биде дваесет и пет илјади, додека спроти него нека би­де поставено светилиштето на Господ. 11Дајте им го тоа на свештениците од синовите на Садок, што Ми служеа верно, кога отстапуваа синовите Израе­лови, но тие не отстапија од Мене, како што отстапија другите левити. 12Ним ќе им припадне тој дел од светата земја, Светињата над светињите во пределот на левитите. 13И левитите ќе добијат во свеште­ничкиот дел дваесет и пет илјади лакти надолж и десет илјади нашир; целата должина ќе е дваесет и пет илјади лак­ти, и ширина десет илјади. 14#3 Мојс 25,32-34Од тој дел тие не можат ни да продаваат, ниту да сменуваат; и првините од земјата не можат да ги пренесуваат на други, зашто тоа е светиња Госпо­дова. 15А другите пет илјади лакти во ширина од дваесет и пет илјади и во должина – пет илјади, ќе се определат за општа употреба на градот, за населби и за предградија; градот ќе биде во средината. 16#Откр 21,16А еве ги мерките – од северната страна четири илјади и петстотини лакти, од јужната четири илјади и петстотини, од источната четири илјади и петстотини и од западната страна – че­тири илјади и петстотини. 17Предградието, пак, на градот ќе биде двесте и педесет лакти од север, двесте и педесет од исток, двесте и пе­десет од југ и двесте и педесет од запад. 18А она што ќе преостане од дол­жината спроти свештениот дел – десет илјади спрема исток и десет илјади спрема запад, спроти свештениот дел, ќе биде земја, чии производи ќе служат за исхрана на службениците во градот. 19Во градот ќе можат да работат работници од сите Израелови племиња. 20Одвоениот дел од дваесет и пет илјади лакти во должина и дваесет илјади во ширина, четириаголен, определете го како свештен дел, вклучува­јќи ги во него и владенијата на градот. 21#34,24; 45,7А сѐ што ќе остане, да биде за кнезот. Како откај свештениот дел, така исто и откај владенијата на градот, спроти дваесет и петте илјади лакти до источната граница, на делот, и на запад спроти дваесет и петте илјади лакти на западната граница, сразмерно со сите делови е делот на кнезот, така што свештениот дел и светилиштето да бидат во средината негова. 22А она што ќе остане од левитските владенија и од владенијата на градот во средината, ќе му припадне исто така на кнезот: меѓу границата на Јуда и меѓу границата на Венијамин.
Земјиште за другите племиња
23Остатокот, пак, од колената, од ис­точниот крај до западниот – е еден дел за Венијамин. 24До границата на Венијамин, од исток до запад, ќе биде еден дел за Симеон. 25До границата на Симеон, од исток па до запад, тоа ќе биде еден дел за Исахар. 26До границата на Исахар, од источ­ниот крај па до западниот, ќе е еден дел за Завулон. 27До границата на Завулон, од исток па до запад, еден дел за Гад. 28А до границата на Гад, од јужната страна, се протега јужниот крај од Та­мара до водите на Мерива во Кадис, по должината на потокот сѐ до Големото Море. 29Ете, тоа е земјата што со ждрепка ќе ја разделите меѓу Израеловите пле­миња, и тоа се деловите, вели Господ Бог.
Ерусалимските порти
30 # Откр 21,12-13 А ова се излезите на градот: од северната страна – четири илјади и петстотини мерки, 31и портите на градот се именувани со имињата на племињата Израелови: од северната страна три порти – Руви­мова, Јудина, Левиева. 32И од источната страна – четири ил­јади и петстотини лакти, со три порти – Јосифова, Венијаминова, Данова. 33И од јужната страна – четири илјади и петстотини лакти, со три порти: Симеонова, Исахарова и Завулонова. 34Од страната на морето, пак, – че­тири илјади и петстотини мерки, и три порти: Гадова, Асирова и Нефтали­мова. 35#Ис 12,6; Ер 23,6; Јоил 4,21; Зах 8,3; Откр 3,12; 21,3; 22,3А обемот наоколу ќе изнесува осумнаесет илјади лакти. И градот од тој ден ќе се именува: „Господ е таму.“

Currently Selected:

Езекиел 48: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in