Езекиел 38
38
Гог е алатка во Божји раце
1 #
Откр 20,8
И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гог во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Мешех и Тувал, изречи пророштво против него. 3И кажи им – вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Мешех и Тувал. 4Ќе те вратам и ќе ставам алка на твојата челуст; ќе те изведам тебе и сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви. 5Персијците, Етиопјаните и жителите на Пут со нив, сите со штитови и со шлемови. 6Гомер со сите чети, домот на Тогарма од северните предели, со сите свои чети, многу народи со тебе. 7Готви се и приготви се – ти и сите твои чети собрани кај тебе и биди им водач. 8По многу дни ти ќе бидеш посетен; во последните години ќе дојдеш во земја избавена од меч, собрана меѓу многу народи на израелските планини, кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ќе бидат повратени откај народите, и сите тие ќе живеат спокојно. 9#Ис 5,28; Ер 4,13Па ќе се кренеш како бура, ќе тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу народи со тебе.‘“ 10Така вели Господ Бог: „Во оној ден ќе ти дојдат на срцето мисли и ти ќе помислиш да направиш нешто лошо. 11И ќе речеш: ‚ќе се кренам против неоградена земја, ќе појдам против мирните кои живеат безгрижно – сите тие живеат без ѕидови и кај нив нема ни резиња, ни порти, 12за да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини и врз народ собран откај народите, кои се занимаваа со добитокот и имотот свој, кој живее на папокот од земјата.‘ 13Сева и Дедан и таршишките трговци со сите нивни млади лавови ќе ти речат: ‚Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато, да одземеш добиток и имот, да заграбиш голем плен.‘“ 14Затоа изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на Гог – вака вели Господ Бог: „Па зар не ти е познато дека во оној ден народот Мој Израел ќе заживее во мир? 15И ќе тргнеш од твоето место, од северните предели, ти и многу народи со тебе, сите на коњи, голем собир и многубројна војска. 16И ќе се кренеш против Мојот народ, против Израел, како црн облак, за да ја покриеш земјата: тоа сѐ ќе биде во последните дни, и Јас ќе те доведам во Мојата земја, та народите да Ме познаат кога ќе се појавам над тебе, Гог, Мојата светост пред очите нивни.“ 17Така вели Господ Бог: „Не си ли ти оној, за кого зборував во дамнешните дни преку Моите слуги, пророците израелски, кои пророкуваа тогаш дека Јас ќе те доведам против нив?“
Казна против Гог
18„Во оној ден, кога ќе дојде Гог против израелската земја, вели Господ Бог, Мојот гнев ќе пламне во Мојата јарост. 19#Лк 21,11; Откр 6,12; 11,13И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ќе настане голем потрес во земјата израелска. 20#Откр 8,8И од лицето Мое ќе затреперат рибите морски и птиците небески, и ѕверовите полски и сѐ што се влече и лази по земјата, и сите луѓе што се наоѓаат на земјата; ќе се соборат планини, ќе попаѓаат карпи и сите ѕидови ќе паднат на земја. 21И по сите Мои планини ќе повикам меч против него, вели Господ Бог; мечот на секој човек ќе биде против братот негов. 22#Лк 21,11; Откр 8,7; 14,10; 20,9И ќе му судам преку помор и крвопроливање ќе излијам врз него и војските негови и врз многуте народи што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур. 23#Пс 9,15-16Ќе го покажам Моето величие и Мојата светост и ќе се појавам пред очите на многу народи – и тие ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Currently Selected:
Езекиел 38: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006