Езекиел 34
34
Пророкување за пропаста на неверните пастири
1 #
Ер 23,1-6; Зах 11,4-17; Јн 10,1-30 И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, изречи пророштво против пастирите израелски, изречи пророштво и кажи им на пастирите – вака вели Господ Бог: тешко на пастирите израелски, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое? 3Вие го јадевте маслото и се облекувавте во волна, колевте угоени овци, а стадото не го пасевте. 4Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувавте, истерани не враќавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост. 5#4 Мојс 27,17; Мт 9,36; 1 Птр 2,25Тие се распрснаа без пастир, и откако се растурија, станаа плен на сите полски ѕверови. 6#Мт 18,16Скитаат овците Мои по сите планини и по секој висок рид и распрснати се по целата земја овците Мои, и никој не прашува за нив, и никој не ги бара. 7Затоа, о, пастири, чујте го словото Господово: 8#Дела; 20,28-29; 1 Птр 5,2-4; Јуда 1,12Жив сум Јас, вели Господ Бог: заради тоа што овците Мои беа оставени да бидат разграбени, па, немајќи пастир, станаа плен на сите полски ѕверови, и заради тоа што пастирите не ги бараа Моите овци, бидејќи тие се пасеа сами себе, а Моето стадо не го пасеа, 9затоа, пастири, чујте го словото Господово: 10вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ќе ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им дадам повеќе да ги пасат овците, и пастирите нема повеќе да се пасат самите себе, и ќе ги одземам Моите овци од нивните челусти, и тие веќе нема да бидат нивна храна.
Добриот Пастир
11 #
Мих; 7,12-15 Зашто, така вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ги побарам овците Мои и ќе ги најдам. 12#30,3; Јоил 2,2Како што пастирот го проверува стадото свое, во оној ден кога ќе се најде меѓу своето распрснато стадо, така ќе ги најдам Јас овците Мои и ќе ги ослободам од сите места, каде што биле распрснати во ден облачен и мрачен. 13Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планините израелски, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја. 14Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите израелски планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините израелски. 15Моите овци, Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам, вели Господ Бог. 16#Лк 15,4-7; 19,10Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе исчистам; ќе ги пасам со правда. 17#Мт; 25,32-33Вас, пак, овци Мои, така вели Господ Бог, Јас ќе ве судам меѓу овца и овца, меѓу овен и козел. 18Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од пасиштето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои? 19Па овците Мои треба да го јадат она, што сте го изгазиле вие со нозете свои, и да го пијат она, што сте го изматиле со нозете свои? 20Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ве судам меѓу овца згоена и овца слаба. 21#5 Мојс 33,17Бидејќи со слабините и плеќите се туркате, а со роговите ги бодете сите слаби додека не ги истерате надвор. 22Но Јас ќе ги спасам овците Мои и тие нема веќе да бидат разграбувани, и ќе пресудам меѓу овца и овца. 23#Откр 7,17И ќе поставам над нив еден пастир, што ќе ги пасе, слугата Мој Давид; тој ќе ги пасе и тој ќе им биде пастир. 24#37,24И Јас, Господ, ќе бидам нивни Бог, а Мојот слуга Давид ќе биде нивни кнез. Јас, Господ, го реков ова. 25#5,17; Ис 11,6-7И ќе склучам со нив завет за мир и ќе ги отстранам од тој дел на земјата сите лути ѕверови, така што тие ќе живеат мирно во степата и ќе спијат во горите. 26#1 Мојс 12,2; 3 Мојс 26,4Ќе ги благословам нив и сѐ што е околу ридот Мој и ќе им праќам навреме дожд; тоа ќе бидат дождови благословени. 27И дрвјата во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопасност на земјата своја и ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скинам врските на јаремот и ги ослободам од рацете на нивните непријатели. 28Тие нема веќе да бидат плен за народите и полските ѕверови нема да ги јадат; тие ќе живеат спокојно и никој нема да ги заплашува. 29И ќе им приготвам бујна градина, тие нема веќе да умираат од глад на земјата и нема да трпат срам од народите. 30И ќе познаат дека Јас, нивниот Господ Бог, сум со нив и дека тие, домот Израелов, се Мој народ, вели Господ Бог, 31и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте луѓе, а Јас сум вашиот Бог,“ вели Господ Бог.
Currently Selected:
Езекиел 34: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006