YouVersion Logo
Search Icon

Излез 8

8
1 # 4,2.17; 7,9-20; 9,23; 10,13 И му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на Арон: Пружи ја раката твоја со стапот свој врз реките, врз потоците и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата египетска.“ 2#Пс 78,45; 105,30; Откр 16,13И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата египетска. 3#7,11; Мт 24,24Но и врачевите го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата египетска. 4#8,21.24; 9,28; 10,8.17.24; 12,31; 4 Мојс 21,7; 1 Сам 12,19; Ер 42,2; Дела 8,24Тогаш фараонот ги повика Мојсеј и Арон и им рече: „Помолете Му се на Господ, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Гос­под.“ 5#9,5А Мојсеј му рече на фараонот: „Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од куќите ваши, а само во реката да останат.“ 6#9,14И рече: „Утре.“ А Мојсеј рече: „Не­ка биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг како Господ, нашиот Бог. 7Ќе отидат жабите од тебе, од куќите твои, од слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.“ 8Потоа Мојсеј и Арон излегоа откај фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господ за жабите, што Тој ги беше испратил врз фараонот. 9И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите. 10И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде. 11#7,3-4А кога фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги по­слуша нив, како што беше рекол Господ.
Трета казна: страдања од мушички
12Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Кажи му на Арон: ‚Пружи го стапот свој, и удри по земјата‘ – и ќе се појават мушички по целата земја египетска.“ 13#Пс 105,31Така и направија: Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓето и по добитокот; сиот песок на земјата се претвори во мушички, по целата земја египетска. 14#7,11; 9,11; Дан 5,8Се обидоа и вражачите со вра­жањето свое да произведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по луѓето и по добитокот. 15#7,4.5.22; 31,18; Пс 8,3; Лк 11,20И му рекоа вражачите на фараонот: „Ова е знак Божји!“ Но срцето на фара­онот пак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
Четврта казна: страдања од бубачки
16 # 3,18; 7,15; 9,13 И Господ му рече на Мојсеј: „Стани утре рано и појди кај фараонот. Тогаш тој ќе излезе кај реката, а ти кажи му: ‚Вака вели Господ: пушти го народот Мој, да Ми изврши служба.‘ 17#Пс 78,45А ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, Јас ќе пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите твои бубачки, и ќе се исполнат со бубачки куќите египетски, и земјата на која стојат. 18#9,4.6.26; 10,23; 11,7; 1 Мојс 45,10; 47,1-6; Пс 111,9А во оној ден ќе ја одделам земјата Гесем, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш дека Јас сум Господ на земјата. 19#9,4.6; 10,23; 11,7И ќе направам разлика меѓу на­родот Мој и народот твој. Утре ќе го има тој знак.“ 20#Пс 78,45; 105,31И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куќата фараонова, во куќите на слугите негови и во целата земја египетска; земјата настрада од бубачките. 21#8,4; 9,27; 10,16; 12,31Фараонот ги повика Мојсеј и Арон, и им рече: „Отидете, принесете Му жрт­ва на вашиот Бог во оваа земја!“ 22#1 Мојс 43,32Но Мојсеј рече: „Не е можно така да биде, зашто принесувањето жртва на Господ, нашиот Бог, е нечисто за Египќаните; ако ние принесеме нечиста за Египќаните жртва пред нивните очи, нема ли тие да нѐ убијат со камења? 23#3,18; 5,3; 1 Мојс 30,36Три дена пат ќе одиме во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог, како што Тој ќе нѝ каже.“ 24#8,11; 9,30; 10,11И фараонот рече: „Ќе ве пуштам да Му принесете жртва на Господ, вашиот Бог, во пустината; но не одете подалеку, и помолете се и за мене!“ 25А Мојсеј рече: „Еве, јас одам од те­бе и ќе Му се помолам на Господ, и бубачките утре ќе исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, фараоне, да нѐ мамиш, не пуштајќи го народот да Му принесе жртва на Господ!“ 26#8,8; 9,33; 10,18И отиде Мојсеј од фараонот, и Му се помоли на Господ. 27И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од фара­онот, и од слугите негови, и од народот негов; не остана ниедна. 28#7,12Но пак се ожесточи срцето фарао­ново, и пак не го пушти народот.

Currently Selected:

Излез 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in