YouVersion Logo
Search Icon

Излез 5

5
Мојсеј и Арон кај фараонот
1 # 3,18; 4,23 А потоа Мојсеј и Арон дојдоа кај фараонот, па му рекоа: „Вака вели Господ, Бог Израелов – ‚Пушти го на­родот Мој, да празнува празник во Моја чест во пустината.‘“ 2#3,19; 7,5.17; 14,4; Јов 21,15Но фараонот рече: „Кој е тој Гос­под, за да го послушам гласот Негов, и да ги пуштам синовите израелски? Не Го познавам тој Господ, ниту ќе го пуштам народот израелски.“ 3#8,23; 3 Мојс 26,25; 5 Мојс 28,21А тие рекоа: „Бог на Евреите нѐ повика нас три дена пат да одиме во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог, та да не ни испрати помор или убиство.“ 4#1,11Тогаш царот египетски им рече: „Зошто вие, Мојсеј и Арон, го одвлекувате народот од неговата работа? Одете да работите!“ 5#1,9; 1 Мојс 12,2И фараонот уште додаде: „Ете, сега кога народот се намножи во земјата, вие сакате да го натерате да не работи!“
Фараонот им ја наголемува работата на Евреите
6И веднаш им заповеда фараонот на надзорниците над народот и на настој­ниците негови, и рече: 7„Отсега на народот нема да му давате плева за правење тули, како досега, туку сами нека одат да си собираат плева. 8#5,14.17.18А колку тули досега правеле, настојувајте толку да прават и отсега: ништо не намалувајте; бидејќи се без работа, па затоа викаат и велат – ‚Да одиме и да Му принесеме жртва на нашиот Бог.‘ 9Нека им се зголеми работата на тие луѓе, за да работат повеќе и да не се занимаваат со празни зборови.“ 10#1,11; 5,13И излегоа надзорниците и настој­ниците, и му рекоа на народот: „Вака вели фараонот: нема да ви давам веќе плева; 11#5,19одете сами и собирајте си плева, каде што ќе најдете; а од работата нема ништо да ви се намали.“ 12И се разотиде народот по целата земја египетска за да собира стрника наместо плева. 13А надзорниците навалуваа, велејќи: „Вршете ги вашите определени работи секој ден, како и порано кога имавте плева.“ 14#5,16; Ис 10,24А настојниците од родот на синовите израелски, кои ги поставија над нив надзорниците на фараонот, беа биени и им се велеше: „Зошто ни вчера, ни денес не изработивте толку тули, колку што ви е определено, како што правевте порано?“ 15И отидоа настојниците на синовите израелски пред фараонот, па извикаа и рекоа: „Зошто постапуваш така со слугите твои? 16Плева не им се дава на слугите твои, а пак ни се вели: правете тули. И ете, ги бијат слугите твои. Го онеправдуваат твојот народ.“ 17#5,8Но тој им одговори: „Седите без работа, не работите, па затоа велите: ‚Да одиме да Му принесеме жртва на Господ.‘ 18Затоа сега одете, работете; плева нема да ви се дава, а вие определениот број тули ќе го предавате.“ 19И настојниците на синовите израелски се видоа во зло, бидејќи им беше речено: „Дневната количина на тулите не смеете да ја намалите.“ 20А кога излегоа откај фараонот, ги сретнаа Мојсеј и Арон, кои стоеја и ги очекуваа. 21#14,11; 16,3; 1 Мојс 16,5; 34,30; 4 Мојс 14,3Па им рекоа: „Бог нека види и нека ви суди што нѐ направивте омразени кај фараонот и кај службениците негови, и им дадовте меч во рацете, за да нѐ убиваат!“ 22#4 Мојс 11,11; Ис.Н. 7,7Тогаш Мојсеј се обрна кон Господ и рече: „Господи, зошто го воведе во неволја овој народ? Зошто ме испрати мене? 23#Ер 4,10; 20,7Зашто, откако излегов пред фара­онот и проговорив во Твое име, тој уште полошо постапува со овој народ? Ти не го избави народот Свој!“

Currently Selected:

Излез 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in