YouVersion Logo
Search Icon

Излез 35

35
Градење на скинијата
Саботата – ден за одмор
1 # 34,32 Потоа го собра Мојсеј целото општество на синовите израелски, и им рече: „Еве што заповеда Господ да правите: 2#20,8; 31,12-17; 34,21; 1 Мојс 2,3; 4 Мојс 15,32-36; 5 Мојс 5,13-14шест дена да се работи, а седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, починка на Господ; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни; 3#16,23во саботен ден да не палите оган нигде во живеалиштата ваши.“
Израелците ги приложуваат своите приноси
4И уште му рече Мојсеј на целото општество на народот израелски: „Еве што заповеда Господ: 5соберете помеѓу вас принос на Господ, секој што од срце дава, нека донесе принос, доброволно нека принесе принос на Господ: злато, сребро и бакар, 6сина, пурпурна и црвена волна, лен и козина; 7и овнешки кожи, црвени, сини кожи и дрво шитим; 8#25,6масло за светилникот, и мириси за маслото за помазание и мирисното кадиво; 9и камења од оникс, и камења за украсување на ефодот и за наградникот. 10#31,6И сите, кои се меѓу вас мудри по разум, нека дојдат да направат сѐ што заповедал Господ: 11#26,1-37; 36,8-38Скинијата, платништата и покривот нејзин, кукичките нејзини и штиците, напречниците нејзини, столбовите неј­зини и подножјата нејзини; 12#25,10-22; 26,33; 37,1-9и ковчегот на заветот, со своите лостови, и чистилиштето, и завесата за преграда. 13#25,23-30; 37,10-16Трпезата и лостовите нејзини, и сиот прибор нејзин и лебовите за принос; 14#25,31светилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и маслото за осветление; 15#26,36; 30,1-6.25.34-38; 37,25-28и кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и маслото за помазание, и миризбите за кадење, и завесата на вратата од скинијата; 16#27,1-8; 30,18; 38,1-7жртвеникот за сепаленици, и неговите бакарни решетки, лостовите негови и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово. 17#27,9; 38,9-20Завесите за дворот, столбовите не­гови и подножјата нивни, и завесата од вратата на дворот; 18#27,19; 38,20коловите за скинијата, и коловите за дворот со јажињата нивни; 19#28,2одеждите службени за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба.“ 20Потоа целото општество на синови­те израелски се повлече од Мојсеј. 21И доаѓаа сите кои срцето ги влечеше и душата ги поттикнуваше; доаѓаа, носејќи принос на Господ – приноси за уредување на скинијата, за сите нејзини потреби и за светите одежди; 22доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, и принесуваа ве­риш­ки, обетки, прстени и гривни и се­какви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господ; 23#39,1и секој, кој имаше сина, пурпурна и црвена волна и лен, овнешки кожи, црвени, и сини кожи, ги принесуваа; 24и секој, кој донесуваше сребро или бакар, Му Го принесуваше како дар на Господ; и кој имаше дрво шитим, го принесуваше за секоја потреба. 25#28,3А секоја жена, мудра и вешта, предеше со своите раце и принесуваше сѐ што ќе испреде – преѓа сина, пурпурна и црвена и лен; 26секоја пак, жена, која сакаше, а и можеше да преде, предеше козина. 27#25,2; 1 Лет 29,6.8А старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефо­дот и на наградникот; 28#25,6; 29; 25,1-7; 36,3исто така и аромати, масло за ос­вет­ление и масло за маслото за пома­зание и миризби за кадење! 29И така синовите израелски – сите мажи и сите жени, кои сакаа да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господ.
Веселеил и Охолијав започнуваат со работа
30Тогаш им рече Мојсеј на синовите израелски: „Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.“ 31#2 Лет 2,6.13И го исполни со Божји Дух, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност; 32да изработува планови, и да прави работи од злато, сребро и бакар; 33да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи; 34#31,6а вложи во неговото срце и во срцето на Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други. 35Ги обдари со умешност да вршат секаква работа, на ковач, уметник и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина и ткајачи, кои прават секакви работи и изработуваат уметнички планови.

Currently Selected:

Излез 35: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy