YouVersion Logo
Search Icon

Излез 3

3
1 # 2,16.18; 4,27; 17,6; 18,5; 19,2; 33,6; 5 Мојс 1,6; 1 Цар 19,8 Мојсеј го пасеше стадото на Јотор, тестот свој, свештеникот мидјански. Еднаш го одведе стадото далеку во пустината и дојде до Божјата планина Хорив. 2#19,18; 1 Цар 19,12; Мк 12,26; Лк 20,37; Дела 5,19; 7,30-35; 5 Мојс 33,16И му се јави ангел Господов во огнен пламен од средината на една грмушка. И виде тој, а тоа грмушката гори со оган, а не изгорува. 3#19,1-6И Мојсеј рече: „Да појдам да го видам ова чудо, зошто грмушката не изгорува?“ 4#4,5; 19,3; 3 Мојс 1,1А кога Господ виде дека тој доаѓа да види, извика Господ од грмушката и рече: „Мојсеј, Мојсеј!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“ 5#19,12; 1 Мојс 28,16.17; Ис.Н. 5,15; Ер 30,21; Дела 7,33А Тој рече: „Не приоѓај ваму. Собуј си ги обувките од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.“ 6#4,5; 6,2-13; 33,20; Суд 13,22; 1 Цар 19,13; Ис 6,5; Јов 13,11; 23,16; Мт 22,32; Мк 12,26; Лк 20,37; Дела 3,13; 7,32И му рече: „Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“ А Мојсеј го закри лицето свое, зашто се плашеше да погледне во Бога. 7#3,16; 1 Мојс 16,11; 1 Сам 9,16; Пс 106,44; Неем 9,9; Дела 7,34И Господ рече: „Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од надзорниците. Позната ми е маката негова. 8#3,17; 13,5; 33,3; 1 Мојс 12,7; 15,18-21; 3 Мојс 20,24; 4 Мојс 13,27; 5 Мојс 1,25; 6,3; 8,7-9; 11,9; 26,9; 27,3; Ис.Н. 5,6; 11,3; Суд 3,3; Ер 11,5; 32,22; Ез 20,6Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во земјата на Хананците, Хитиј­ците, Аморејците, Перизијците, Евеј­ци­те и Јевусијците. 9#1,14; 4 Мојс 10,9И еве, сега викотот на израелските синови стигна до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египќаните. 10#4,12; 6,13; 7,1-15; 12,41.51; 1 Сам 12,8; Мих 6,4; Пс 105,26; Дела 7,34А сега појди – Јас те испраќам кај фараонот, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите израелски.“
Бог му го открива Своето име на Мојсеј
11 # 4,10; 6,12.30; Суд 6,15; 1 Сам 9,21; 15,17; 18,18; 2 Сам 7,18; Ис 6,5; Ер 1,6 Мојсеј, пак, Му проговори на Бога: „Кој сум јас, та да одам кај фараонот, и да ги изведам синовите на Израел од земјата египетска?“ 12#1 Мојс 26,3; Ис.Н. 1,5; Ис 7,14; Ер 44,29; Пс 86,17; Дела 7,7; Рим 8,31А Тој рече: „Јас ќе бидам со тебе, и еве ти знак дека Јас сум те испратил: Кога ќе го изведеш народот од Египет, ќе Му служите на Бога на оваа планина.“ 13#1 Мојс 32,29; Суд 13,17А Мојсеј Му рече на Бога: „Еве, ќе појдам кај синовите израелски и ќе им речам: ‚Бог на татковците ваши ме ис­праќа кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‚како Му е името‘, што ќе им речам тогаш?“ 14#Ис 42,8; Јн 8,24-28.58; 17,6.26; Евр 13,8; Откр 1,8; 4,8Бог му одговори на Мојсеј, велејќи: „Јас сум Оној, Кој вечно постои!“ Па продолжи: „Така ќе им кажеш на синовите израелски: ‚Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас.‘“ 15#6,2-8; 15,3; 34,5-7; 5 Мојс 28,58; Ис 42,8; Ер 16,21; 33,2; Ос 12,6; Јоил 3,5; Пс 45,17; 72,17; 83,18; 96,2; 97,12; 102,13; 135,13; 145,21И пак му рече Бог на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите израелски: ‚Господ Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено.‘ 16#4,29; 4 Мојс 11,16; Пс 33,18Оди и собери ги израелските ста­решини, и кажи им: Господ, Бог на татковците ваши, ми се јави, Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, и ми рече: ‚Ве посетив и видов што ви се прави во Египет.‘ 17#3,8; 6,6; 5 Мојс 7,1-5И реков: ‚Ќе ве изведам од маките египетски во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците, и Јевусијците, во земја каде што тече мед и млеко!‘ 18#4,1.8.23.31; 5,1.3; 6,11.12; 7,16; 8,16.23; 9,13; 10,9.26И тие ќе го послушаат гласот твој; а ќе отидеш ти и израелските старе­шини кај царот египетски, и ќе му речете: ‚Господ, Бог на Евреите, нѐ по­вика да појдеме на три дена пат во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог.‘ 19#4,21; 6,6; 11,9; 5 Мојс 4,34А Јас знам дека царот египетски нема да ви дозволи да излезете, ако не го натера силна рака. 20#4,21; 6,1.6; 11,1.9-10; 12,31-33; 5 Мојс 3,24; 4,34; 6,22; Ер 32,20; 51,25; Неем 9,10; Пс 72,18; 78,43; 135,9Но ќе ја пружам раката Своја, и ќе го притиснам Египет со сите Мои чудеса, што ќе ги направам таму; потоа ќе ве пушти. 21#11,3; 12,35-36; Пс 106,46И ќе му дадам милост на овој народ кај Египќаните, така што, кога ќе појдете, нема да појдете со празни раце. 22#11,2; 12,35; 1 Мојс 15,14; Ез 39,10; Пс 105,37; Езд 1,4.6; 7,16Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од онаа што живее во домот нејзин сребрени и златни предмети и облека; и ќе ги украсите со нив синовите ваши и ќерките ваши, и така ќе го ограбите Египет.“

Currently Selected:

Излез 3: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in