YouVersion Logo
Search Icon

Излез 28

28
Свештеничките одежди
1 # 6,23; 24,9; 3 Мојс 8,30; 21,1; 4 Мојс 18,1-7; Евр 5,1-4 „А ти земи го кај себе Арон, братот твој, со синовите негови, за да Ми бидат свештеници: Арон, Надав, Авиу, Елеазар и Итамар, синови Аро­нови. 2#29,5.29; 30,10; 35,19; 39,1; 4 Мојс 20,26-28И направи му свети одежди на Арон, братот твој, за чест и слава. 3#31,3.6; 35,10.25.35; 36,1И кажи им на сите надарени со ум, кои сум ги исполнил со дух на мудрост, да му направат на Арон одежди, за негово посветување, за да Ми биде свештеник. 4#25,7; 28,4А ова се одеждите што треба да ги направат: наградник, ефод#28,4 Горна кратка облека., наметка, везен хитон#28,4 Долна долга облека., кидар#28,4 Украс за глава. и појас. Нека направат свети одежди за Арон, и за синовите негови, за да Ми бидат свеш­теници. 5#25,4Затоа нека земат злато и сина, пурпурна и црвена волна и чист лен.
Ефодот
6Па нека направат ефод од злато и од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан чист лен – уметничка изработка. 7На него два нарамника нека има, кои се врзуваат на двата краја, за да се држат заедно. 8#29,5И појасот на ефодот, што е одозгора, нека биде иста изработка: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен. 9И земи два камена оникс, и изрежи ги на нив имињата на синовите Изра­елови: 10шест имиња нивни – на едниот ка­мен, а другите шест имиња – на вториот камен, според редоследот на нивното раѓање; 11со помош на каменорезец, како гра­вура врз печат, ќе ги изрежеш на тие два камена имињата на синовите Из­раелови. 12#30,16; 4 Мојс 31,54Тие два камена потоа стави ги на нарамниците од ефодот, како камења за спомен на синовите Израелови: и Арон ќе ги носи имињата на синовите на Израел пред Господ на обете рамења за нивни спомен. 13Направи и две копчиња од злато, 14потоа две веришки од чисто злато; направи ги како усукани врвци, па за­качи ги плетените веришки за коп­чи­њата.
Градникот
15И градник судиски направи – уметничка работа; направи го како по составот на ефодот: од злато, од пурпурна, сина и црвена волна и од пресукан лен направи го; 16четириаголен да биде, двоен, педа долг и педа широк; 17#Ез 28,13; Откр 21,19-20нареди по него во четири реда ска­поцени камења. Во првиот ред: рубин, топаз и смарагд, 18во вториот ред: антракс, сафир и елмаз; 19во третиот ред: опал, ахат и аме­тист; 20#Дан 10,6во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис. Тие треба да бидат поставени во златни рамки. 21#Ис.Н. 4,8; Агеј 2,23; Откр 21,12Тие камења со имињата на сино­вите Израелови треба да бидат дванаесет, според имињата нивни: нека бидат врежани како печат, со по едно име од бројот на дванаесетте племиња. 22И на наградникот стави виени веришки, исплетени од чисто злато. 23Направи и две златни алчиња за наградникот, и двете алчиња прицврсти ги за двата краја на наградникот, 24па провлечи ги двете златни ве­ришки низ двете алчиња за краевите од наградникот, 25а другите два краја од двете веришки закачи ги за двете копчиња и стави ги на нарамниците од ефодот, од предната страна. 26Направи и уште други две алчиња златни, па стави ги на другите два краја од наградникот, од внатрешната страна на ефодот; 27а направи и две златни алчиња, и прицврсти ги за двата нарамника на ефодот, одоздола, од неговата предна страна, каде што се соединува, над појасот. 28Потоа алчињата на наградникот нека се врзат за алчињата на ефодот со сина врвка плетена од волна, та да не се одделува наградникот од ефодот, туку да стои на појасот од ефодот, 29А Арон ќе ги носи имињата на синовите Израелови преку наградникот судиски, над срцето свое, кога ќе влегува во светилиштето, за спомен пред Бога. 30#3 Мојс 8,8; 4 Мојс 27,21; 5 Мојс 33,8; 1 Сам 28,6; Езд 2,63; Неем 7,65А во наградникот судиски стави ги урим и тумим; и тие ќе бидат над срцето Ароново, кога влегува пред Господ; а Арон секогаш ќе го носи над срцето свое судот на синовите Израелови пред Господ.
Другите свештени одежди
31Направи и наметка кон ефодот, целата сина; 32одозгора во средината нека има прорез за главата; и нека биде работ на прорезот наоколу опшиен со ткаен ширит, како што се опшива отворот на оклоп, така што наметката да не се реси; 33#4 Мојс 13,23; Песна 4,3и по полите нејзини направи топ­ченца од сина, пурпурна и црвена волна, а наоколу, меѓу нив, и златни ѕвончиња: 34златно ѕвонче па топче, златно ѕвонче па топче по полите на наметката насекаде наоколу. 35Неа ќе ја носи Арон, кога ќе служи, за да се слуша гласот од неа кога ќе влегува во светилиштето пред лицето на Господ, а и кога излегува, та да не умре. 36#29,6; 3 Мојс 8,9; Зах 14,20А направи и плочка од чисто злато, и на неа изрежи како на печат ‚Светиња Господова‘, 37и да ја врзеш со сина врвца за кидарот, така што да стои од предната страна на кидарот. 38#4 Мојс 18,1; Ис 53,5.6.11И ќе биде на челото Ароново, та Арон на себе да ги презема гревовите на приносите, што ги посветуваат синовите израелски, и на сите дарови, што му ги принесуваат тие; и така, таа нека биде секогаш на неговото чело, за да бидат тие секогаш примени од Господ. 39#3 Мојс 16,4Направи и хитон од лен, и кидар од лен; а појасот направи го везен. 40#29,8-9; 40,14; 3 Мојс 8,13И на синовите Аронови направи им хитони, направи и појаси, и превивки за главата направи им, за чест и слава. 41#29,7-9; 30,30; 40,13.15; 4 Мојс 3,3; Јн 17,19Во тоа облечи го Арон, братот твој, и синовите негови со него; помажи ги, исполни им ги рацете, и освети ги, за да ми бидат свештеници. 42#20,26; 3 Мојс 6,3; 16,4А направи им и долна облека од лен, да се покрие голотијата од телото нивно, од крстот до бедрата; 43#30,20.21и да ги носи Арон, и синовите негови, кога влегуваат во скинијата, или кога пристапуваат кон жртвеникот за служба во светилиштето, за да не навлечат грев и не умрат. Тоа нека биде вечен закон за него и за потомството негово по него.“

Currently Selected:

Излез 28: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in