YouVersion Logo
Search Icon

Излез 14

14
Фараонот го прогонува народот на Израел
1И Господ му рече на Мојсеј, велејќи: 2#14,9; 4 Мојс 33,7-8; Ез 29,10„Кажи им на синовите израелски да свртат и да се улогорат пред Пи-Хахирот и меѓу Мигдол и морето, пред Ваал-Цефон. Спроти него улогорете се крај морето. 3И така фараонот ќе рече за синовите израелски: ‚Заскитале во таа земја, пустината ги затворила.‘ 4#4,21; 9,16; 14,8.17.23; Ез 32,15; Рим 9,17А Јас ќе направам да се ожесточи срцето на фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над сета негова војска. И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ.“ Тие така и направија. 5#Пс 105,25А кога му соопштија на египетскиот цар дека народот избегал, се измени срцето на фараонот и слугите негови спрема народот, па рекоа: „Што направивме, па ги пуштивме синовите израелски, та да не ни работат повеќе?“ 6И ја впрегна фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе; 7#15,4зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше египетски коли, со нивните началници. 8#11,10; Дела 13,17А Господ направи, та се ожесточи срцето на фараонот, царот египетски, и тргна во потера по синовите израелски; но синовите на Израел врвеа под силна рака. 9#14,2.6-7.25; 15,9; Ис.Н. 24,6; Ис 43,17И се впуштија по нив Египќаните, и сите коњи фараонови со колите, и коњаниците и сета војска негова, и ги најдоа крај морето, во близина на Пи-Хахирот, спроти Ваал-Цефон. 10#Ис.Н. 24,7; Пс 34,17; 50,15; 107,28; Неем 9,9А кога наближи фараонот, се обѕрнаа синовите израелски, и што ќе видат: ете, Египќаните идат по нив! И синовите израелски се уплашија многу, па извикаа кон Господ, 11#5,21; 16,3; 17,3; 4 Мојс 11,4-6; 14,1-4; 20,2.4; 21,4-5; Пс 106,7и му рекоа на Мојсеј: „Зар немаше гробови во Египет, туку нѐ изведе овде да изгинеме во пустината? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет? 12#5,21; Пс 106,7Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави нѐ, да им служиме на Египќаните?‘ Зашто подобро ќе ни беше да им робуваме на Египќаните, отколку да изгинеме во пустинава.“ 13#14,30; 1 Мојс 15,1; 1 Сам 12,16; 2 Лет 20,17; 4,8А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека. 14#14,25; 15,3; 5 Мојс 1,30; 3,22; 20,4; Ис.Н. 10,14; 23,3.10; Ис 30,15; Пс 37,7; Неем 4,14; 2 Лет 20,29Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.“
Бог прави пат низ морето
15 # Пс 105,37-45; 106; 114 И Господ му рече на Мојсеј: „Зо­што викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израел нека врват. 16#4,2; 14,21; Ис 10,26; 1 Кор; 10,1-2А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите израелски, среде море по суво. 17#4,21; 14,4Но, ете, Јас ќе го ожесточам срцето на сите Египќани, и тие ќе тргнат по нив. А Јас ќе ја покажам славата Своја над фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови. 18#7,5; Ез 32,15И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови.“ 19#13,21; 23,20; 1 Мојс 16,7И се крена ангел Господов, кој одеше пред војската израелска, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив. 20#Ис.Н. 24,7А кога влезе меѓу војската египет­ска и војската израелска, застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела ноќ не се доближија едните до другите. 21#15,8; 2 Сам 22,16; 2 Цар 2,8; Ис 14,27; 51,15; 63,12; Пс 74,13; 77,17-19; 78,13; 136,13И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбранува мо­рето со источен ветар, кој дуваше силно цела ноќ, па се направи во морето суво и водата се раздели. 22#14,16.29; 15,8.19; Ис.Н. 3,13.16.17; 4,22; Ис 43,16; 51,10; Пс 66,6; 77,20; 78,13; 106,9; Неем 9,11; Евр 11,29И појдоа синовите израелски среде море по суво, а водата им стоеше како ѕид од десната страна и од левата стра­на. 23#14,7А Египќаните, гонејќи ги, појдоа по нив среде море, сите коњи фараонови, колите и коњаниците негови. 24#13,21; 23,27; Ис.Н. 10,10А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од огнениот столб и од облакот и ја доведе во забуна војската египетска, 25#14,9.14; 1 Сам 4,8па им ги врза тркалата на колите нивни, та одвај ги влечеа. Тогаш Егип­ќаните рекоа: „Да бегаме од Израел­ците, зашто Господ се бори за нив против Египќаните!“ 26#5 Мојс 11,4Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египќаните, врз колите нивни и врз коњаниците нивни.“ 27#Ис.Н. 4,18И Мојсеј ја испружи раката своја над морето, и пред зори водата пак се поврати на своето место, а Египќаните тргнаа да бегаат наспроти водата; и Господ ги потопи Египќаните среде море. 28#14,23; 15,5.19; 5 Мојс 11,4; Ис.Н. 24,7; Пс 78,53; 106,11; 136,5; Неем 9,11; Евр 11,29Кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска фараонова, што беше тргнала по нив во морето; и не остана ниеден од нив. 29Синовите, пак, израелски минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна. 30#1 Сам 14,23; Пс 106,8.10.21И ги избави Господ Израелците во тој ден од рацете на Египќаните. И ги видоа синовите израелски Египќаните што изумреа на морскиот брег. 31#4,5.31; 9,16; Ис.Н. 4,24; Пс 22,3; 106,12; Јн 2,11; 11,45Ја виде Израел големата сила, што Господ ја покажа над Египќаните, и народот се уплаши од Господ, и поверува во Бога и на слугата негов Мојсеј.

Currently Selected:

Излез 14: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in