YouVersion Logo
Search Icon

Излез 12

12
Празникот Пасха
1И Господ им рече на Мојсеј и на Арон во земјата египетска, ве­лејќи: 2#12,18; 13,4; 23,15; 34,18; 40,2; 3 Мојс 23,5-8; 4 Мојс 28,16-25; 5 Мојс 16,1-8; Ис.Н. 5,10; Ез 45,21-24; 2 Лет; 35,1-18; Мт 26,17; Лк 22,15„Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец меѓу месеците во годината. 3#12,21; Мк 14,2Кажете му на целиот собор на синовите израелски: ‚На десеттиот ден од овој месец, секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на семејство. 4Ако се помалку во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колку што треба, за да можат да го изедат јагнето. 5#3 Мојс 22,18-21; 4 Мојс 6,14; 5 Мојс 15,21; 17,1; 1 Птр 1,19А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите. 6#3 Мојс 23,5; 4 Мојс 9,3.5.11; 5 Мојс 6,6; Ис.Н. 5,10И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот со­бор израелски нека го заколе, во приквечерина. 7#12,13.22-23И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и горните прагови на куќата, во која ќе го јадат. 8#16,19; 34,25; 3 Мојс 7,15; 4 Мојс 9,11.12; 5 Мојс 16,7; 2 Лет 35,13И нека јадат месо истата ноќ, на оган печено, со пресен леб и со гор­чливи тревки, нека го јадат. 9Немојте да јадете од него сурово, ниту во вода варено, туку само на оган печено: со главата, со нозете и со внатрешнината. 10#12,8; 29,34; 3 Мојс 22,30; 5 Мојс 16,4И ништо од него немојте да оставате до утрината; ако, пак, нешто од него остане до утрината, изгорете го на оган. 11#12,13.21.27.33.43; 3 Мојс 23,5; 4 Мојс 9,2.4; 28,16; 5 Мојс 16,1.3; Ис.Н. 5,10; Ис 52,12; Лк 12,35; 1 Птр 1,13А вака јадете го: опашани околу половината, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова. 12#4,23; 12,29; 13,15; 15,11; 18,11; 4 Мојс 33,4; Ис 19,1; Ер 43,12; Пс 97,9; 135,5Зашто ќе поминам низ земјата еги­петска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата египетска, од човек до добиток, и ќе им се одмаздам на сите египетски богови, зашто Јас сум Господ. 13#8,19; 12,23; Евр 11,28А крвта ќе ви биде знак на куќите, во кои ќе бидете: и кога ќе видам крв, ќе ве одминам, па нема да има меѓу вас помор, кога ќе ја казнам египетската земја. 14#12,17.24И тој ден ќе ви биде ден на сеќа­вање и празнувајте го тој празник, пос­ветен на Господ; празнувајте го од колено на колено; како трајна уредба.
Празникот Бесквасници
15 # 13,3-10; 23,15; 34,18; 3 Мојс 23,6; 4 Мојс 28,17; 5 Мојс 16,3; 1 Кор 5,7 Седум денови јадете лебови без квас; уште од првиот ден отстранете го квасот од куќите ваши; зашто оној, кој ќе јаде нешто со квас од првиот до седмиот ден, тој ќе биде истребен од народот израелски. 16Во првиот ден да се соберете на свет собор; а и во седмиот ден напра­вете го истото; никаква работа да не вршите во тие денови. Освен за јадењето, за кого колку што треба, само тоа можете да го правите. 17#6,26; 12,41; 13,3; 23,15; 34,18; Мт 26,17И славете го празникот Бесквас­ници, зашто во тој ден ја изведов војската ваша од земјата египетска; празнувајте го тој ден од колено на колено како трајна уредба. 18#12,2.6Бесквасни лебови почнете да јадете од првиот месец во четиринаесеттиот ден вечерта, па сѐ до дваесет и првиот ден од истиот месец, до вечерта. 19Седум денови не смее да има квас во вашите куќи. Бидејќи, ако некој јаде нешто со квас, ќе биде истребена таа душа од собранието на Израел, било да е странец или домородец. 20#13,6-7Ништо со квас немојте да јадете: насекаде каде што престојувате, јадете само бесквасен леб!‘“
Приготвување на пасхалното јагне
21 # 12,11; Мк 14,12-16 И ги свика Мојсеј сите старешини израелски и им рече: „Одете и приго­твете јагне, за семејствата свои, и заколете Пасха. 22Потоа земете китка исоп и нато­пете ја во крвта, што е во садот, и по­прскајте ги горните прагови и обата довратника со крвта од садот и ниеден од вас да не излегува низ вратата куќна до изутрина. 23#12,7.13; Ис 37,36; Ер 6,26; 48,8; 1 Кор 10,10; Евр 11,28И кога ќе помине Господ да го казнува Египет, штом ќе ја види крвта на горниот праг и на обата довратника, ќе ја одмине Господ таа врата, и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куќите ваши и да убива. 24#12,14Пазете го ова како закон за себе и за синовите свои довека. 25И кога, пак, ќе влезете во земјата, што ќе ви ја даде Господ, како што рече, извршувајте ја оваа служба. 26#10,2; 5 Мојс 6,20; Ис.Н. 4,6-21И кога ќе ве прашаат синовите ваши: ‚Каква ви е таа служба?‘ 27#12,11; 13,8-14Одговорете: ‚Тоа е Пасхална жртва на Господ, Кој ги одмина куќите на синовите израелски во Египет, убивајќи ги Египќаните, а домовите наши ги зачува.‘“ – Тогаш народот, се наведна и се поклони. 28#12,50И отидоа синовите израелски и на­правија така: како што им заповеда Господ преку Мојсеј и Арон, така направија.
Последна казна: погубување на сите првородени во Египет
29 # 4,23; 9,6; 11,4-8; Пс 78,51; 105,36; 135,8; 136,10 А на полноќ ги уби Господ сите првородени во земјата египетска, од првородениот син фараонов, кој тре­баше да седи на престолот негов, до првородениот син на затвореникот во затворот, и сѐ што беше првородено кај добитокот. 30#11,6И стана фараонот во таа ноќ, тој и сите негови слуги, и сите Египќани; и настана голем пискот во целата земја египетска, зашто немаше куќа, во која немаше мртовец. 31#8,8Тогаш ги повика фараонот Мојсеј и Арон, ноќта, и им рече: „Станете, одете си од народот мој, како вие така и синовите израелски, и извршете Му служба на Господ, како што велевте. 32#10,9.26Земете го вашиот ситен и крупен добиток, како што велевте, и одете си, па и мене благословете ме!“ 33#6,1; 12,11; 1 Сам 6,6И Египќаните навалуваа на народот, што побрзо да си оди од земјата, зашто велеа: „Сите ќе изгинеме!“ 34#7,28И народот си го зеде тестото свое, уште неискиснато; ноќвите ги завиткаа во облеките свои, и ги ставија на рамењата свои. 35#3,21-22; 11,2; 1 Мојс 24,53И постапија синовите израелски според заповедта Мојсеева, и побараа од Египќаните сребрени и златни предмети, а и облека. 36#3,22; 11,2-3И Господ направи, та народот најде благонаклоност кај Египќаните, и тие им дадоа; така ги обраа Египќаните. 37#13,20; 33,1-6; 38,26; 1 Мојс 12,2; 47,11; 4 Мојс 1,46; 2,32; 11,21; 26,51; 33,1-5И тргнаа синовите на Израел од Рамзес за Сукот, околу шестотини илјади пешаци мажи, не сметајќи ги тука децата. 38#Ис.Н. 8,35; Ис 14,1И многу други придојдени отидоа со нив, како и ситен и крупен добиток; мошне големо стадо. 39#3,20; 11,1; 12,34; 5 Мојс 16,3А од тестото, што го изнесоа од Египет, испекоа бесквасни лепчиња, зашто тоа уште не беше скиснато кога ги истераа Египќаните, и не можеа да се задржуваат, така што дури ни храна за попат не си приготвија. 40#1 Мојс 15,13; Дела 7,6; Гал 3,17Времето, пак, што го поминаа синовите израелски во Египет изнесуваше четиристотини и триесет години. 41#3,10; 6,26А кога се навршија четиристотини и триесетте години, ноќе, во истиот ден, излезе сета Господова војска од земјата египетска. 42#4 Мојс 9,3; 5 Мојс 16,6Таа ноќ, која Господ ја пробдеа, за да ги изведе од египетската земја, тоа е ноќ Бдение во чест на Господ, кое треба да го празнуваат синовите израелски од колено на колено.
Закон за Пасхата
43 # 12,48 И Господ им рече на Мојсеј и на Арон: „Закон за Пасхата е: ниеден ту­ѓинец да не јаде од неа! 44#1 Мојс 17,12-13А секој ваш роб, купен за пари, откако ќе го обрезете, тогаш може да јаде од неа. 45#3 Мојс 22,10Придојден или наемник да не јаде од неа! 46#4 Мојс 9,12; Пс 34,20; Јн 19,36Во една куќа треба да ја јадете; и не изнесувајте месо надвор од куќата, и коските од жртвата да не ги кршите. 47Целото израелско општество нека прави така. 48#4 Мојс 9,14; Ез 44,7Ако се насели кај вас некој туѓинец и посака да ја празнува Пасхата Госпо­дова, нека му се обрезат сите од машки пол, па потоа нека почне да ја празнува, и ќе биде како роден во таа земја; инаку, никој необрезан да не јаде од неа. 49#3 Мојс 24,22; 4 Мојс 15,15-16.29Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол меѓу вас!“ 50#12,28И направија синовите на Израел та­ка како што им заповеда Господ на Мојсеј и на Арон. 51#3,10; 6,26И во тој ден ги изведе Господ синовите израелски од земјата египет­ска, поделени на дружини.

Currently Selected:

Излез 12: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in