YouVersion Logo
Search Icon

Естира 3

3
Судирот помеѓу Аман и Мардохеј
1 # 2 Цар 25,28 Потоа царот Ксеркс го возвеличи Вугеецот Аман, син Амадатов, го воздигна и го постави престолот негов погоре од престолите на сите свои кнезови; 2и сите слуги на царот, кај царската порта се поклонуваа и паѓаа ничкум пред Аман, бидејќи така беше запо­ведал царот. Но Мардохеј не му се поклонуваше и не паѓаше на колена. 3И му говореа на Мардохеј царските слуги кај царската порта: „Зошто ја кршиш царевата заповед?“ 4Но иако му говореа така секој ден, тој сепак не ги слушаше. Тогаш му ја­вија на Аман, да видат ќе остане ли на зборот свој Мардохеј, бидејќи им беше рекол дека е Јудеец. 5Откако виде Аман дека Мардохеј не се поклонува и не паѓа ничкум пред него, се исполни со гнев. 6Но тој помисли дека не е добро да става рака само на Мардохеј; но бидејќи му рекоа, од кој народ е Мардохеј, Аман намисли да ги истреби сите Јудејци во целото Ксерксово царство, како народ на Мардохеј. 7#9,24; Ис 34,17; Јона 1,7; Изреки 1,14; Неем 11,1; 1 Лет 24,31Па свика совет во првиот месец, односно месецот нисан, во дванаесеттата година од владеењето на царот Ксеркс, и фрлаа ждрепка пред Аман од ден на ден и од месец на месец, и падна ждрепката на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, односно месецот адар кога требаше да го погубат Мар­дохеевиот народ.
Аман подготвува истребување на Јудејците
8 # 4 Мојс 23,9; Дан 3,12; Езд 4,12-15 И Аман му рече на царот Ксеркс: „Има еден народ, распрснат меѓу народите по сите краишта на твоето цар­ство; законите нивни се разликуваат од законите на сите народи, и царските закони тие не ги исполнуваат; па не треба царот така и да ги остави. 9Ако му е на царот угодно, нека заповеда да бидат истребени, и десет илјади кикари сребро ќе измерам за да бидат внесени во царската ризница.“ 10#1 Мојс 41,42Тогаш царот го извади од раката прстенот свој и му го даде на Вугеецот Аман, синот Амадатов за да стави печат на повелбата против Јудејците. 11#8,8; 1 Мојс 16,6; 19,8; Суд 10,15; 19,24И му рече царот на Аман: „Ти го предавам тебе тоа сребро и народот; прави со нив што сакаш.“ 12#1,22И беа свикани царските писари во првиот месец, во тринаесеттиот негов ден, и беше напишано, како што заповеда Аман, до царските намесници на секоја област, до кнезовите на секој народ, – на секоја област со неј­зиното писмо, и до секој народ на јазикот не­гов: сѐ беше напишано од името на царот Ксеркс и потврдено со печатот од царскиот прстен. 13#8,11И беа испратени писма преку брзоодци до сите царски области за да бидат убиени, погубени и истребени си­те Јудејци, од најголем до најмал, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, месец адар, и имотот нивен да биде разграбен. 14#8,13Препис од писмото да се испрати до секоја област, како закон, што им се објавува на сите народи за да бидат спремни за оној ден. 15#8,14; 2 Мојс 14,3; Јоил 1,18Брзоодците тргнаа брзо со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза: а царот и Аман седеа и пиеја, а градот Суза беше вознемирен.

Currently Selected:

Естира 3: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in