YouVersion Logo
Search Icon

Ефесјаните 6

6
Деца и родители
1 # Кол 3,20-21 Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Гос­под, зашто тоа е праведно. 2#2 Мојс 20,12; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4„Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ – тоа е првата заповед со ветува­ње, 3„За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“ 4#5 Мојс 6,7.20-25; Изреки 19,18; Кол 3,21И вие, татковците, не дразнете ги де­цата свои, туку подигнувајте ги во вос­питанието и науката на Господ.
Слуги и господари
5 # Тит 2,9; 1 Птр 2,18 # Кол 3,22–4,1 Вие, слуги, бидете послушни кон ва­шите земни господари со страв и тре­пет, во простота на срцето, како кон Христос, 6не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, извршувајќи ја волјата Божја од срце, 7драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе, 8#2 Кор 5,10знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ спо­ред доброто, што го направил. 9#5 Мојс 10,17; Кол 3,25; 4,1А и вие, господарите, исто така, од­несувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!
Оружјето што ни го дава Бог
10 # Кол 1,11 Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ! 11#Рим 13,12; 2 Кор 6,7; 10,4; 1 Сол 5,8Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лу­кавство; 12#2,2зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните упра­вители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. 13Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. 14#Ис 11,5; 59,17; 1 Сол 5,8И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во ок­ло­пот на праведноста, 15#Ис 40,3.9; 52,7; Рим 10,15и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. 16А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете си­те вжештени стрели на лукавиот; 17#Ис 11,4; 49,2; 59,17; Ос 6,5; Евр 4,12; Откр 1,16земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо! 18#Мт 26,41; Лк 18,1; 1 Кор 14,15-16; Кол 4,2-4; 1 Сол 5,17Со секаква молитва и молба во се­која пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрај­ност и молитва за сите светии, 19#Лк 21,15; Дела 4,29; 28,31; Рим 15,30; Кол 4,3; 2 Сол 3,1и за мене, та, кога ќе ја отворам ус­тата да ми се даде слободно да ја со­оп­штувам тајната на Евангелието, 20#2 Кор 5,20поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
Последни поздрави
21 # Дела 20,4; Кол 4,7-8; 2 Тим 4,12 А за да знаете и вие, како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, воз­љубениот брат и верен служител во Господ. 22Него го пратив кај вас за да дозна­ете како сме, и за да ги охрабри срцата ваши. 23#1 Птр 1,8Мир на браќата и љубов со вера од Бог Отецот и од Господ Исус Христос. 24Благодат со сите што Го сакаат на­шиот Господ Исус Христос – во нераспадливост. Амин.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in