Ефесјаните 1
1
Поздрав
1 #
Дела 9,13; Рим 1,1; 1 Кор 1,1; Кол 1,1-2 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос: 2благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!
Неизмерна благодат
3 #
1 Кор 1,3; Гал 3,14; 1 Птр 1,3 Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, 4#5,27; Јн 17,24; Кол 1,22; 2 Сол 2,13така што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, 5#Јн 1,12предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја, 6#Кол 1,13за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син, 7#2,7.13; Рим 3,24-25во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат. 8#Кол 1,9; 4,5Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, 9#3,3откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано 10#Гал 4,4во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос. 11#Рим 8,28-29; Кол 1,12Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени според одлуката на Оној Кој врши сѐ според волјата Своја, 12#1,18за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос. 13#4,30; 2 Кор 1,22; Кол 1,5-6Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух. 14#2 Кор 1,22Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.
Молитва за просветление
15 #
Рим 1,8-9; Кол 1,3-4.9; Фил 1,4-5 #
1 Кор 13,13
Ете, затоа и јас, кога слушнав за вашата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии, 16#1 Сол 1,2постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои, 17#Ис 11,2; 1 Кор 2,10; Кол 1,9-10; 1 Јн 5,20та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете, 18#Дела 20,32; 2 Кор 4,4; Кол 1,5.12и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, 19#1 Кор 6,14; 2 Кор 13,4; Фил 3,10; Кол 2,12и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила. 20#Пс 110,1; Кол 3,1; Евр 1,3Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата, 21#Мк 10,30; Лк 18,30; Кол 1,15-20повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, 22#Јн 1,16; Кол 1,19#4,15; Пс 8,7; 1 Кор 15,24-25и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, 23која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.
Currently Selected:
Ефесјаните 1: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006