YouVersion Logo
Search Icon

Проповедник 9

9
1 # 5 Мојс 33,3; Изреки 16,1 И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам дека праведните и мудрите нивни дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него. 2#3,19За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како за оној кој принесува жртви, така и за оној кој не принесува; како за добар, така и за грешник; како за оној што се колне, така и за оној што се плаши од клетва. 3#8,11Токму тоа е најлошо од сѐ што се случува на земјата, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат. 4Кој е меѓу живите, има уште на­деж, бидејќи и куче живо е подобро, отколку мртов лав. 5#8,10Живите знаат дека ќе умрат, а мрт­вите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот, 6и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата. 7#2,24И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, кога Бог има наклоност кон твои­те дела. 8Во секое време облеката да ти биде празнична, и секогаш да има миризливи мазила на лицето твое. 9#Изреки 5,18Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со же­ната, што ја сакаш, и која ти ја дал Бог на земјата за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кои се трудиш на земјата. 10Сѐ, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.
Мудроста не е секогаш ефикасна
11И пак видов на земјата дека на бр­зите не им се дава победа, ниту на храб­рите – битката, ниту на мудрите – леб, ниту на разумните – богатство, ниту на искусните – благонаклоност, но времето и приликите им се слу­чуваат на сите нив. 12#Лк 12,20Зашто човек не знае кога ќе го снај­де несреќа. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што пти­ците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во теш­ко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив. 13Еве уште каква мудрост видов на земјата, и таа ми се причини голема: 14мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го оп­коли и почна околу него да издига големи опсадни направи; 15#4,13; Изреки 21,22; 24,5но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спа­си тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав. 16#7,19И јас си реков: мудроста е по­добра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и збо­ровите негови не се слушаат. 17Зборовите на мудрите, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, от­колку викањето на кнез меѓу глупаци. 18Мудроста е подобра од воено ору­ж­је; но еден грешник расипува многу добри работи.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in