YouVersion Logo
Search Icon

Проповедник 2

2
1Си реков во срцето свое: „Ајде ќе те испитам во веселба: уживај во наслади!“ Но ете, и тоа беше суета! 2#Изреки 14,13За смеата реков – глупост е, а за веселбата: каква полза од неа? 3#5,17; 6,12; Јов 14,5Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста сѐ додека да видам, што е подобро за синовите чо­вечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови од својот живот. 4#1 Цар 7,1-12; 1 Лет 27,27Презедов големи работи: си изгра­див куќи, си насадив лозја, 5си уредив градини и овоштарници и посадив таму секакви овошни дрвја; 6си направив водостои за поливање на овошните дрвја; 7придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеќе од сите, што беа пред мене во Ерусалим; 8#1 Цар 9,28; 10; 7,28; 9,9насобрав сребро и злато и скапо­цености од цареви и области; си доведов пејачи и пејачки и тоа, што ги насладува синовите човечки – многу жени. 9И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Еру­салим; а и мудроста моја остана со мене. 10Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забранував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше награда за сите мои трудови. 11И се обѕрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете – сѐ беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза на земјата! 12#1,9Потоа се свртев да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човекот што ќе ме наследи, посебно од она, што е веќе направено? 13И видов дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината: 14#10,2; Јн 8,12; 1 Јн; 2,10-11на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав дека крајот на сите им е еднаков. 15#6,8Тогаш си реков во срцето свое: „И мене ќе ме стигне истото, како и глупавиот; зошто толку многу сакав да станам мудар?“ Па си реков во срцето свое дека и тоа е суета. 16#1,11Зашто нема да го помнат мудриот вечно, како и глупавиот; по време сѐ ќе се заборави, и, мудриот умира, како и безумниот. 17Тогаш го намразив животот, биде­јќи ми станаа одвратни работите, што се вршат под сонцето; зашто сѐ е суета и измачување на духот. 18#6,2И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што тре­ба да го оставам на човек, што ќе дојде по мене. 19И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мудар на земјата. Но и тоа е суета! 20Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел на земјата, 21зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо! 22Зашто, што му останува на чове­кот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди на земјата? 23#8,16Бидејќи сите денови му се мачни, а трудовите негови – неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета! 24#3,12-13; 11,9И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов дека и тоа е од Божјата рака; 25зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога? 26#Пс 49,10; Јов; 27,16-17; Изреки 13,22Тој му дава мудрост, и разум и ра­дост на човекот, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in