YouVersion Logo
Search Icon

Проповедник 11

11
Умешноста да се ризикува
1Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш. 2Давај дел на седум души, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ќе настане на земјата. 3Кога ќе се наполнат облаците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кон југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало. 4Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее. 5#3,11; Пс; 139,14-16; Изреки 30,19; Јн 3,8Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава сѐ. 6Изутрина сеј го семето твое и на­вечер нека не мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеќе ќе успее, или и едното и другото ќе бидат еднакво добри. 7#12,2; Песна 6,10Слатка е светлината дневна за гле­дање, и пријатно е да се биде жив. 8Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но сѐ што ќе биде, ќе биде суета!
Бидете среќни пред да биде премногу касно
9Весели се во младоста своја, мом­че, и срцето твое да вкусува радост во дни­те на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд. 10Гони ја скрбта од срцето свое и от­странувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in