Повторени закони 21
21
Убиство чиј извршител е непознат
1Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил, 2нека излезат твоите старешини и судиите и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу; 3и старешините на градот, што е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, со која не е работено која не носела јарем, 4и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во пуст, необработен и незасејуван дол, и таму – во долот, нека ја заколат јуницата; 5потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејќи Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета повреда, 6и сите старешини од тој град, најблискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на закланата јуница во долот, 7#Мт 27,24па да објават и да кажат: „Нашите раце не ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа; 8очисти го од грев, Господи, народот Свој израелски, кој си го ослободил и не допуштај да остане врз него невина крв.“ И тие ќе се очистат од крвта. 9#13,6Така треба да ја отстрануваш од себеси крвта на невиниот, ако сакаш да правиш добро пред Господ.
Женидба со заробена жена
10Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ти ги предаде во рацете твои, и ти ги заробиш, 11па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе посакаш да си ја земаш за жена, 12одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои, 13нека ја соблече ропската облека, нека живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да ѝ станеш маж, и таа да ти биде жена. 14Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту да ја имаш за робинка, зашто ти си ја обесчестил.
Правата на првородениот син
15Ако некој има две жени – едната сакана, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена, 16#1 Мојс 27,36; 29,30-31; 1 Лет 5,1-2тогаш, при поделбата на имотот меѓу синовите, тој не може да даде првенство на синот од саканата жена, место на првородениот од несаканата, 17туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот имот, бидејќи тој е почеток на неговата сила; нему му припаѓа правото на првородство.
За непослушниот син
18 #
Ис 1,2; Изреки 1,8 Ако некој има буен и непокорен син, кој не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен; 19тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот, при вратите на своето местоживеење, 20#Изреки 23,20-22па нека им кажат на градските старешини: „Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница.“ 21#Изреки 30,17Тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ќе чујат и ќе се уплашат.
Телото на обесениот
22 #
Јн 19,31; Гал 3,13 Ако некој направи грев, што заслужува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво, 23#Ис.Н. 8,29; 10,26; Ест 9,24-25телото негово да не преноќева на дрвото, туку погреби го истиот ден, зашто проклет е од Бога секој кој виси на дрво, и не осквернувај ја земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.
Currently Selected:
Повторени закони 21: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006