Повторени закони 15
15
За прошталната година
1 #
3 Мојс 25,1-7
Во седмата година проштевај! 2И оваа е заповед за простувањето: секој кој дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејќи тоа е простување заради Господ; 3#23,21од туѓинецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот, 4#Дела 4,34за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ќе те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство. 5Доволно е само да го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам; 6#24,10зашто Господ, твојот Бог, ќе те благослови, како што ти говорел, и ти ќе даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ќе владееш со многу народи, а над тебе никој нема да владее. 7#2 Мојс 22,21-26; Мт 5,42; 1 Јн; 3,16-18Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава, не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба, 8туку отвори ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува; 9чувај се, да не влезе во срцето твое лукава помисла: па да речеш – „Наближува седмата година, годината на простувањето“ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му откажеш; зашто тој ќе повика против тебе пред Господ, и на тебе грев ќе падне; 10#2 Кор 9,7-8подај драговолно заем, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејќи Господ, твојот Бог, ќе те благослови за тоа во сите твои работи и во сѐ, што вршат рацете твои; 11#15,4; Мт 26,11; Мк 14,7зашто сиромаси ќе има секогаш во земјата; затоа и ти заповедам, велејќи ти: отворај ја раката твоја за твојот брат, за сиромавиот и за несреќниот во земјата твоја;
Ослободување на робовите
12 #
3 Мојс 25,8; Ер 34,14 ако ти се продаде твој сонародник – Евреин или Еврејка, тој треба шест години да ти работи, а седмата година пушти го на слобода; 13кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце, 14туку дарувај го со нешто од стадата твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благословил Господ, твојот Бог; 15#5,15помни дека ти беше роб во египетската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова. 16Ако, пак, ти каже: „Не сакам да си одам откај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој, бидејќи ми е добро кај тебе,“ 17земи шило и продупчи му го увото на крилото од вратата твоја; и тој ќе ти биде роб засекогаш. Така постапувај и со робинката твоја. 18За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејќи тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеќе – отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во сѐ, што и да правиш.
Првородените од животните
19 #
2 Мојс 13,2; 13,11-16 Секое машко првородено, што ќе се роди од крупниот и од ситниот твој добиток, посветувај Му го на Господ, твојот Бог: не работи со првородениот вол свој и не стрижи ги првородените од ситниот твој добиток; 20тоа јади го ти и челадта твоја пред Господ, твојот Бог, секоја година, на местото, што ќе го одбере Господ; 21ако, пак, тоа биде со недостаток, – куцо, или слепо, не принесувај го како жртва на Господ, твојот Бог, 22#12,15-16но во градовите твои нека се јаде; нечисто и чисто од него како што се јаде срна и елен; 23само крвта не јади му ја: истурај ја на земјата како вода.
Currently Selected:
Повторени закони 15: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006