YouVersion Logo
Search Icon

Даниел 9

9
Даниеловата покајничка молитва
1 # 6,1; Ест 1,1; Езд 4,6 Во првата година од царувањето на Дариј, синот на Ксеркс, од мидиски род, кој беше поставен за цар над ва­вилонското царство, 2#Ер 25,11-12; 29,10; Зах 1,12; 7,5; 2 Лет 36,21во првата година на неговото царување, јас, Даниел, го разбрав според книгите бројот на годините според сло­вото што му го беше кажал Господ на Еремија, дека седумдесет години ќе се навршат над опустошениот Ерусалим. 3#2 Сам 13,19; Ер 29,12; Неем 1,4; 2 Лет 20,3И го свртев лицето свое кон Господ Бог со молитва и со молба, во пост, во вреќиште и пепел. 4#6,11; Неем 1,5-11И Му се молев на Господ мојот Бог, се исповедав и Му реков: „Те молам, Господи, Боже Велики и чудесен, Кој пазиш на заветот и имаш милост за оние кои Те сакаат и кои ги пазат Твои­те заповеди! 5#Суд 10,10; Ис 53,6; Пс 106,6Згрешивме, вршевме беззаконија, дејствувавме нечесно, се противевме и отстапивме од Твоите заповеди и од Твоите наредби 6#9,10.14; Ер 7,26; 2 Лет 33,10; 36,16и не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа од Твое име на царевите наши и на достоинствениците наши, на татковците наши и на сиот народ од земјата. 7#Ис 42,6; Ер 23,3.8; 32,37; Амос 9,9; Езд 9,7.15Во Тебе, Господи, има правда, а во нас – срам на лицата, како што е денес кај секој Јудеец, меѓу жителите на Еру­салим и во сиот Израел, и кај ближниот и кај далечниот, по сите краишта каде што си ги прогонил заради нивното отстапништво, со кое отстапија од Тебе. 8#Ер 14,20; Ез 16,63; Неем 9,33Господи, кај нас на лицата наши има срам, кај царевите наши, кај кнезовите наши и кај татковците наши, зашто згрешивме пред Тебе. 9#2 Цар 17,13-15; 18,12А кај Господ, нашиот Бог, има ми­лосрдност и проштевање, бидејќи ние се одметнавме од Него. 10#Ер 26,4; 32,23; 44,10И не го слушавме гласот на Господ, нашиот Бог за да постапиме според Неговите закони што ни ги даваше пре­ку своите слуги – пророците. 11#5 Мојс 11,26; 2 Цар 22,16; Ер 18,10; 42,13.18; 44,6И сиот Израел го престапи Твојот закон и се одврати, не слушајќи го Тво­ј­от глас; па затоа врз нас се излеа про­к­летство и клетва, што се напишани во законот Мојсеев, слугата Божји; зашто згрешивме пред Него. 12#12,1; Ер 35,17; 36,31; Ез 5,9; Зах 1,6И Тој ги изврши заканите Свои што ги кажа против нас и против нашите судии, кои нѐ судеа, испраќајќи против нас голема несреќа каква што немало под небесата, каква што се извршува над Ерусалим. 13#5 Мојс 28,49-57; Ис 31,1Како што е напишано во законот Мојсеев, така нѐ постигна сето тоа зло; но не Го молевме Господа, нашиот Бог, не се обративме од беззаконијата свои за да ја разбереме Твојата вистина. 14#Ер 1,11-12; 31,28; 44,27; Езд 9,15Господ беше подготвен за тоа зло и го испрати врз нас; зашто праведен е Господ нашиот Бог во сите Свои дела што ги врши, но ние не го слушавме гласот Негов. 15#2 Мојс 3,20; 5 Мојс 26,8; Ер 32,21; Неем 9,10И сега, Господи, Боже наш, Ти што го изведе народот Свој од земјата египетска со силна рака, Ти ја покажа славата Своја што се памети до денес; згрешивме, постапивме нечесно. 16#Ис 5,25; Ер 32,32; Ез 25,3.8; 36,2-4Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и јароста Твоја од Твојот град Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто поради гревовите на­ши и поради беззаконијата на татковци­те наши Ерусалим и народот Твој е за потсмев кај сите што нѐ опкружуваат. 17#4 Мојс 6,24-26; Пс 80,18А сега чуј ја, Боже наш, молитвата на Твојот слуга и неговото усрдно молење, па заради Тебе, Господи, по­гледај со светлото Твое лице на опусто­шеното Твое светилиште. 18#Ис 37,17; Ер 7,10-12; Пс 116,1Приклони го, Боже мој, увото Свое и послушај, отвори ги очите Свои и погледај ги нашите пустоши и градот, во кој се призива името Твое; зашто ние ги принесуваме молењата свои пред Тебе, надевајќи се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност. 19#1 Сам 12,22; Пс 44,22Чуј Господи, Господи прости ни, Господи погледај и изврши, не колебај се поради Самиот Тебе, Боже мој, зашто името Твое се призива во Твојот град и во Твојот народ!“ 20#Езд 10,1Додека зборував и се молев и ги исповедав гревовите свои и гревовите на мојот народ Израел и ја принесував молбата своја пред Господ, мојот Бог, за светата гора на мојот Бог, 21#8,16-26; 2 Мојс 29,39; Лк 1,19додека ја изговарав молитвата, човекот Гаврил кого го бев видел во по­ранешното видение, долета брзо, се допре до мене во времето на вечерната жртва, 22#7,16; 10,14; Амос 3,7ме вразуми, говореше со мене и рече: „Даниеле, сега излегов за да те научам да разбираш. 23#Мт 24,15; Лк 1,28Во почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението. 24#Ис 53,10; 56,1; Ер 25,12; 29,10; 2 Лет 36,21; Евр 9,12Седумдесетте седмици#9,24 седум пати по 70 години. се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде крај на престапот, за да му се стави печат на гревот и избри­шани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да им се стави печат на виденијата и пророците и да биде помазан Светиот на светиите. 25#Езд 4,24; 6,15; Јн 4,25И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазани­кот Божји се седум седмици#9,25 овде зборот седмица означува седум години.. Потоа ќе биде обновен Ерусалим со улици и ѕидини, и ќе опстои шеесет и две седмици; а тоа ќе биде тешко време. 26#Ис 28,2; 53,8; Ез 4,5; Мт 16,21И по шеесет и двете седмици Пома­заникот ќе биде предаден на смрт не­праведно а градот и светилиштето ќе бидат разрушени од народот на водачот што ќе дојде, и крајот ќе му биде како од поплава, и до крајот на војната ќе има опустошување. 27#8,11; 11,31; 12,7; Мт 24,15; Мк 13,14И во една седмица ќе склопи завет со мнозина, а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот, а на врвот од светилиштето ќе биде поставен Гнасниот Пустошник#9,27 се однесува на пагански лик, кој подоцна бил поставен во Ерусалим­скиот храм, од страна на туѓите поробувачи., сѐ додека предопределената пустош не го собори Пустошникот.“

Currently Selected:

Даниел 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in