YouVersion Logo
Search Icon

Даниел 2

2
Даниел го толкува сонот на Навуходоносор
1 # 4,6; 6,19; 1 Мојс 41,8; 2 Мојс 7,11; Ис 19,3; 44,25; Ер 27,9 Во втората година од царувањето свое Навуходоносор сони сон, од кој духот му се вознемири и не можеше да спие. 2Па заповеда царот да ги повикаат гатачите и гледачите, маѓесниците и волшебниците за да му го протолкуваат сонот. Тие дојдоа и застанаа пред царот. 3И им рече царот: „Сонив сон и духот ми се вознемири – сакам да знам што значи тој сон.“ 4#Езд 4,7; Неем 2,3Тогаш Халдејците му рекоа на ца­рот на арамејски јазик: „Царе, да си жив довека, кажи им го на слугите својот сон и ние ќе ти објасниме што значи тој.“ 5#3,29; Езд 6,11Одговори царот и им рече на Хал­дејците: „Сонот го заборавив; ако не ми го кажете сонот и што означува тој, ќе бидете исечени на парчиња, и куќите ваши ќе бидат претворени во урнатини; 6#5,7.16ако, пак, ми го кажете сонот и што означува тој, од мене ќе добиете дарови, награда и голема чест; па кажете ми го сонот и што значи тој!“ 7Тие повторно одговорија и рекоа: „Царот нека им го каже на слугите сво­јот сон и ние ќе објасниме што значи тој.“ 8Одговори царот и рече: „Гледам дека вие сакате да добиете во време, за­што гледате дека мојата одлука е неотповиклива. 9#Ест 4,11Бидејќи не ми го кажувате сонот, вие секако имате некоја намера: се гот­вите да ми кажете лага и измама, додека мине времето; но кажете ми го сонот и тогаш ќе знам дека вие можете да ми објасните и што значи тој.“ 10#5,8Халдејците му одговорија на царот и рекоа: „На земјата нема човек што може да му го открие на царот сонот, и затоа ниеден цар, колку и да е голем и силен, не побарал нешто слично од ни­еден маѓесник, гледач или волшебник; 11#1 Мојс 41,38сонот, што го бара царот, е толку тежок, што никој друг не може да му го открие на царот, освен боговите, кои не живеат со смртниците.“ 12#3,13.19Царот се разгневи и збесна многу поради тој одговор, па заповеда да ги истребат сите вавилонски советници. 13Кога излезе таа заповед да се убиваат советниците, го побараа Даниел и другарите негови за да ги убијат. 14Тогаш Даниел се обрати со прет­пазливост и мудрост кон Ариох, начал­ни­кот на царските телохранители, кој бе­ше излезен да ги убива вавилонските советници, 15и го праша Ариох: „Зошто таква страшна заповед од царот?“ Тогаш Ариох му ја објасни на Даниел целата случка. 16Даниел појде кај царот и измоли да му даде време за да му го каже на царот толкувањето на сонот. 17#1,6Даниел отиде дома и им ја кажа ра­ботата на своите другари Ананија, Мисаил и Азарија, 18#2,37; 1 Мојс 24,7за да измолат милост од Небесниот Бог за таа тајна, па Даниел и другарите негови да не загинат заедно со другите вавилонски советници. 19#7,7; 1 Мојс 46,2И тогаш тајната му беше откриена на Даниел во ноќно видение, и Даниел Го благослови Небесниот Бог. 20И рече тогаш Даниел: „Нека е бла­гословено името на Господ од века и довека, зашто во Него има мудрост и сила. 21#7,12; Дела 1,7; 1 Сол 5,1Тој ги контролира времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни. 22#Пс 139,11; Јов 12,22; 1 Тим 6,16Тој открива што е длабоко и сокриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него. 23#1,17; 1 Мојс 31,5; 2 Мојс 3,15Те прославувам и величам, Боже на татковците мои, затоа што ми даде мудрост и сила и ми го откри она, за што Те молевме; зашто Ти ни го откри сонот на царот.“ 24Потоа Даниел отиде кај Ариох, кому царот му беше заповедал да ги убие вавилонските советници, влезе и му рече: „Не убивајте ги вавилонските советници; одведи ме кај царот и јас ќе му откријам што значи сонот.“ 25Тогаш Ариох веднаш го одведе Даниел кај царот и му рече: „Меѓу заробените синови на Јуда најдов човек кој може да му открие на царот што значи сонот.“ 26#1,7Царот му рече на Даниел, кој беше преименуван во Валтазар: „Можеш ли да ми го кажеш сонот што го видов и што значи тој?“ 27#1 Мојс 41,8Даниел му одговори на царот и рече: „Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни маѓесниците, ни јасновидците, ни гледачите. 28#1 Мојс 40,3; Ер 10,7; Ез 28,3; Амос 4,13; Пс 4,3; Откр 1,1Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Тој ќе му открие на царот Навуходоносор сѐ што ќе се збидне во последните денови. 29#1 Мојс 41,25Ти царе, на леглото свое размислуваше за она што ќе се случи во иднина, и Оној Кој открива тајни, ти покажа што ќе се случи. 30#Ис 45,3; Амос 4,13А мене таа тајна ми се откри не затоа што сум помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги разбереш мислите што ти дојдоа во срцето. 31Твоето видение, царе, беше вакво; ете, некаков си голем, огромен лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и изгледот му беше страшен. 32Главата на тој лик му беше од чисто злато, градите и рацете од среб­ро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни. 33Потколениците железни, а нозете делумно железни, делумно глинени. 34#8,25; Ис 60,12; Зах 4,6; Пс 2,9; Јов 34,24Додека го гледаше, еден камен се откачи од планината сам, удри во идо­лот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши. 35#Пс 1,4Тогаш заедно сѐ се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана голема планина и ја исполни це­лата земја. 36Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој. 37#Ер 27,7; Езд 7,12Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава, 38#Ер 27,6и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава. 39По тебе ќе се крене друго царство, послабо од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја. 40#7,17; 8,5.21; 11,3А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; зашто како што железото троши и дроби сѐ, така и тоа ќе дроби и ќе уништува. 41А тоа што си ги видел – нозете и прстите на нозете направени делумно од грнчарска глина и делумно од же­лезо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел желе­зо, измешано со грнчарска глина. 42И како што прстите на нозете беа делумно од железо, а делумно од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо. 43А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа зна­чи дека царевите на тоа царство ќе се обидат да се соединат преку мешани бракови меѓу себе, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не се меша со глината. 44#7,14; Лк 1,33; 1 Кор 15,24-28И во деновите на тие царства не­бесниот Бог ќе подигне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно. 45#1 Мојс 41,25; Ис 28,16; Откр 22,6Како што виде еден камен сам падна од планината и го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великиот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи во иднина. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!“ 46#Дела 14,13.18Тогаш царот Навуходоносор падна ничкум и се поклони пред Даниел, па заповеда да му донесат дарови и благопријатни кадива; 47#11,36; 5 Мојс 10,17; 1 Кор 14,25; 1 Тим 6,15и му рече царот на Даниел: „Навистина вашиот Бог е Бог над бого­вите и Господар на царевите, Кој от­крива тајни, штом ти можеше да ја откриеш оваа тајна!“ 48#1,20; Ест 8,2Тогаш царот го возвиши Даниел, му даде многу големи дарови и го постави над целата област вавилонска, како главен началник над сите вавилонски советници. 49#1,7; 3,30На молба на Даниел, царот ги пос­тави Седрах, Мисах и Авденаго над работите од земјата вавилонска, а Дани­ел остана во царскиот двор.

Currently Selected:

Даниел 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in